Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1
Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 претставува испит по германски јазик за деца и млади на возраст од 10 до 16 години. Потврдува дека поседуваш многу едноставни јазични познавања и соодветствува со првото ниво (А1) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.
Со положувањето на испитот покажуваш дека ...
- можеш да поставуваш едноставни прашања и да одговараш на нив, како и да замолиш за нешто и да реагираш на молби
- со едноставни фрази и реченици можеш да пишуваш за себе и за другите
- можеш да разбереш разговори и текстови во кои станува збор за познати работи
![]() |
*) Курсевите и испитите се слободени од ДДВ согласно член 23 став 1 точка 17б од Законот за данокот на додадена вредност
**) Пониската прикажана цена важи во случај да веќе сте слушале некој курс по германски јазик во Гете-Институт во изминатиот временски период од шест месеци. Шесте месеци притоа се однесуваат на временскиот период помеѓу моментот на завршувањето на јазичниот курс и терминот за полагање на испит по германски јазик. Во овој случај автоматски се менува цената за време на процесот на резервирање. Доколку не се случи тоа, Ве молиме да се обратите во канцеларијата, надлежна за курсот.
Пријавувањето за испитите во јануари 2025 година е возможно исклучиво преку веб-продавницата до крајот на декември 2024 година.