Зошто да се учи германски јазик?
10 причини за германски јазик
Какви и да се вашите планови за иднината, со познавањето на германскиот јазик имате бесконечно многу можности. Да се учи германски јазик значи да се стекнувате со вештини со кои можете да ги подобрите Вашите професионални и приватни квалитети:
-
Во професионалниот живот: Комуникацијата на германски јазик со Вашите деловни партнери води кон подобри деловни врски и со тоа кон подобри шанси за деловна комуникација - а со тоа и до успех. -
Глобална кариера: Доколку го познавате германскиот јазик, ги подобрувате Вашите професионални можности кај германски фирми во Вашата сопствена земја и во други земји. Доброто познавање на германскиот јазик Ве прави продуктивен работник/работничка за работодавач кој има глобални деловни врски. -
Туризам и хотелска струка: Туристите од сите земји во коишто се зборува германскиот јазик патуваат далеку и многу и за време на одмор трошат повеќе отколку туристите од други земји. Им годи кога персоналот и туристичките водичи кои зборуваат германски јазик ги разгалуваат. -
Наука и истражување: Германскиот јазик е втор најважен јазик во светот на науката. Германија се наоѓа на трето место во светот со својот придонес кон истражувањето и развојот и доделува стипендии за истражувања на странски научници. -
Комуникација: Развојот во областа на медиумите и информатичко-комуникациските технологии ја прави задолжителна повеќејазичната комуникација. Редица важни веб-страници се на германски јазик. Со своето годишно издаваштво на нови книги, Германија се наоѓа на шестото место, по Индија, Обединетото Кралство, САД, Кина и Русија. Wikipedia, 2014 -
Културно разбирање: Да се учи германски јазик значи да се има увид во животот, во желбите и соништата на луѓето во земјите каде се зборува германскиот јазик со нивните мултикултурни општества. -
Патувања: Со Вашите познавања од германскиот јазик продлабочете ги Вашите доживувања при патувањата, не само во земјите каде се зборува германскиот јазик туку и во други европски земји, особено во Источна Европа. -
Уживање во литература, музика, уметност и филозофија: Германски е јазикот на Гете, Кафка, Моцарт, Бах и Бетовен. Продлабочете го уживањето при читање и/или слушање на нивните дела на оригинален јазик. -
Можности за студирање и работа во Германија: Германија доделува голем број стипендии за студирање во Германија. За млади странци има посебна работна виза за одмор, а за одредени професии има посебни одредби за работна дозвола. -