Goethe-Zertifikat C1
Goethe-Zertifikat C1 е испит по германски јазик за возрасни. Потврдува многу напредно јазично ниво и соодветствува со петтото ниво (Ц1) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.
Со положувањето на испитот покажувате дека ...
- можете да разберете широк спектар на посложени подолги текстови и можете да сфатите имплицитни значења.
- можете да се изразите многу спонтано и течно, без притоа често да размислувате за зборови.
- можете ефективно и флексибилно да го употребувате јазикот во општествениот и професионалниот живот или во текот на образованието и студиите
- можете јасно, структурирано и опширно да се произнесете за покомплексни теми.
Опцијата „Јава-скрипт“ во вашиот пребарувач е деактивирана.
Активирајте ја опцијата за повторно да ги видите курсевите. ![]() |
*) Курсевите и испитите се слободени од ДДВ согласно член 23 став 1 точка 17б од Законот за данокот на додадена вредност
**) Пониската прикажана цена важи во случај да веќе сте слушале некој курс по германски јазик во Гете-Институт во изминатиот временски период од шест месеци. Шесте месеци притоа се однесуваат на временскиот период помеѓу моментот на завршувањето на јазичниот курс и терминот за полагање на испит по германски јазик. Во овој случај автоматски се менува цената за време на процесот на резервирање. Доколку не се случи тоа, Ве молиме да се обратите во канцеларијата, надлежна за курсот.
Важно! Информации за кандидати за испити од Косово
Кандидатите од Косово би можеле да се пријават за испитот исклучиво во Гете-центар Приштина (адреса: Мујо Улцинаку 7, Приштина). Посредување и пријавување за испит за други Гете-институти не е возможно.
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТ
Ergebnisse C1 19.02.2021
Ergebnisse C1 26.01.2021
Ergebnisse C1 04.12.2020
Ergebnisse C1 09.10.2020
Ergebnisse C1 17.07.2020
Ergebnisse C1 02.07.2020
Резултати Ц1 28.02.2020
Резултати Ц1 24.01.2020