München Teamwork
Foto: © Loredana La Rocca

Гете-институт е главниот претставник на германскиот јазик во светот: во повеќе од 90 земји нудиме курсеви и испити по германски јазик. Бесплатно вежбајте германски јазик со нашата разновидна онлајн- понуда на вежби и во нашата заедница. Откријте ја понудата на обуки и материјали за наставници по германски јазик (DaF/DaZ).

Испити по германски јазик

Потврдете си ги јазичните познавања со испит по германски јазик на Гете-институт.

Предавање германски јазик

Гете-институт е главен светски понудувач на обуки за наставници по германски јазик низ целиот свет. Ви нудиме обемна програма во Северна Македонија, Германија или преку учење од далечина.

Бесплатно вежбање германски јазик

Профитирајте од нашата разновидна онлајн-понуда на јазичните нивоа А1-Ц2.

Magazin

Децата сакаат филмови © goodluz – Fotolia.com

Германски јазик за деца
Филмови во наставата – повеќе забава при учењето јазици

Децата сакаат филмови. Во наставата тие нудат промена и забава, а го поттикнуваат и процесот на учење. На што треба да внимаваат наставниците при употреба на филмови во наставата? Неколку совети и практични примери.

Естер и Чорапко © Nachtmann & Silies GbR / WDR 2015

Германски јазик со Чорапко
Кога куклите зборуваат

Како можат децата да учат германски јазик со кукли од чорапи што самите ги изработиле? Авторите на „Германски јазик со Чорапко“ покажуваат колку е тоа едноставно.

Зошто е потребен апелот „Ставот е битен“? Фото (исечок): © BLLV

Манифест „Ставот е битен“
"Ние доживуваме брутализација на јазикот"

Навреди во училишниот двор, говор на омраза за време на одморите: Симоне Флајшман, претседател на Баварското здружение на наставници, опоменува на агресивниот начин на обраќање – и својот апел го насочува кон колегите, родителите, новинарите и политичарите. Бидејќи: „Децата учат според модел на однесување“.

Многумина зборуваат со акцент во јазикот Фото (исечок): © olly - Fotolia.com

Акценти во јазикот
Дел од идентитетот

Некои изучувачи на германскиот јазик го користат акцентот за да го нагласат својот културен идентитет. Многумина, пак, сакаат набрзина да се ослободат од него, за да не се упадливи меѓу родените говорители. Германистката Урсула Хиршфелд објаснува зошто тоа воопшто не е едноставно.