Бесплатно учење германски
Во Гете-институтот го учиш германскиот јазик од професионалци. Развивме многу бесплатни медиуми за да го практикуваш германскиот јазик: од апликации со материјали за учење, видеа, подкасти и игри до социјални медиуми и понуди на заедница. Без разлика колку добро веќе зборуваш германски и зошто сакаш да се подобриш: главната работа е да започнеш - и да се забавуваш правејќи го тоа.