Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

Конкурси и манифестации

Да се активираат учениците и ученичките е една од најважните, а некогаш и најтешка задача на секоја наставничка, односно наставник. Затоа Гете-институт Северна Македонија состави низа понуди на културни настани и натпревари, кои треба да Ви помогнат да ги мотивирате Вашите ученици и ученички за да учењето германски јазик им биде забавно и да им предизвикува задоволство.
  • Jugendkurs „Deutsch plus Beruf“

    Дали сакаш да го подобриш твојот германски, да запознаеш млади луѓе од целиот свет и да посетиш германски компании? Тогаш аплицирај сега за стипендија за тринеделен курс „Deutsch Plus Beruf“ во Германија!

  • Меѓународна олимпијада по германски јазик 2026

    Да ги надминеме сопствените граници и заедно да тргнеме по нови патишта – на IDO2026! Финалето на најголемото натпреварување по учење германски јазик ги обединува младите љубители на јазикот од околу 60 земји. Нивното мото за Манхајм 2026: Да растеме заедно.

    IDO 2026 © Goethe-Institut © Goethe-Institut