Советување и пријавување

Термини и пријавување Слика: Goethe-Institut/Bettina Siegwart

понеделник и среда: 09:00–13:00 часот
вторник и четврток: 14:00–16:00 часот

Утврдување на нивото на познавање на германскиот јазик
Понеделник: 13:00–15:00 часот
Ве молиме пријавете се на:
Тел. +389 2 3121 604
Учесниците на испит треба да се запознаат со Правилник за полагање испити. Со пријавата за испит и со плаќањето на надоместот за испит, кандидатот потврдува дека е запознат со правилникот за испити и со одредбите за спроведување на испитот во тековната верзија и го прифаќа. Правилникот за полагање на испити и одредбите за спроведување на испитот се наоѓаат кај секој детален опис на испитот.

Важно! Информации за кандидатите за испити од Косово:
Кандидатите за испит од Косово треба да се пријавуваат за испит исклучиво во Центарот за изучување јазици Приштина (адреса: Mujo Ulqinaku 7, Prishtina), а по потреба ќе добијат информации за капацитетите на Гете-институт Скопје.
1. Учество на испитот не е поврзано со посетување на курс по германски јазик на Гете-институтот.
2. За испитите на Гете-институтот не постои старосна граница, само препораки.
3. Пријавувањето за испит е возможно се додека се исполни максималниот број на кандидати за тој термин.
4. Учество испитот е возможно само ако се запази рокот за плаќање на надоместокот за испит.
5. Медицински потврди за кандидатите за испит со посебни потреби мора да се предадат на Гете-институтот во Скопје до денот на истекот на рокот за плаќање.
6. При пријавувањето, кандидатите ќе бидат информирани за почетокот на писмениот испит.
7. При уплатата, кандидатите добиваат потврда за уплатата на која стои името, петоцифрен идентификационен број, код, датум на испитот, цена на испитот и услови во случај на откажување.
Доколку се откажете од курсот до последниот работен ден пред почетокот на курсот, може да се врати уплатената сума за курсот, намалена за 20% за административни трошоци. Средствата може да се вратат само со приложена оригиналната потврда за плаќање на курсот.
1. Можноста за откажување од испит постои до 7 дена пред одржувањето на писмениот испит. При откажувањето на испит, во периодот до испитот постои можност за враќање на надоместокот со задржување на 10% од сумата за административни такси.
2. Откажувањето од испит по започнувањето на испитот не е возможно.
3. Во случај на откажување на испитот заради недоволен број на кандидати ќе се врати целиот надомест. Ако постои желба, таксата може да се задржи за следниот термин за испити.
4. Доколку сте се пријавиле за некој термин за испит, а од одредена причина сте спречени да дојдете на пријавениот термин, задолжително е 7 дена  пред испитот да го откажете или презакажете терминот. Доколку не го сторите тоа, во наредните шест месеци немате право повторно да се пријавите за испит.
На денот на испитот ќе Ве информираме кога ќе ги добиете резултатите од полаганиот испит.
1. Општи услови за работа
Гете-институтот Скопје нуди курсеви за возрасни кои имаат најмалку 16 години, за младинци 13-18 години и деца 5-12 години.

2. Услови за плаќање
При уписот се уплаќа целата сума.
Цената на курсевите опфаќа:
  • Настава
  • Дополнителни материјали
  • Потврда за посетување на курсот, доколку пристуството е на повеќе од 70% од часовите
  • Користење на библиотеката согласно правилата на библиотеката. 
Испити и книгите не се вклучени во цената.
Менување на курсот е возможно во разговор со Секретаријатот за курсеви и испити.
 
3. Цени
3.1. Важечка е цената, кој што била при запишувањето на курсот.
3.2. Сите банкарски трошоци во врска со плаќањето на цената на курсот се на товар на  кандидатот.

4. Повлекување
Доколку учесникот е спречен да учествува на курсот, се применуваат следниве услови:
4.1. Повлекувањето мора да биде доставено во писмена форма до Секретаријатот за курсеви и испити на Гете-институтот Скопје. Доколку се откажете од курсот до последниот работен ден пред почетокот на курсот, може да се врати уплатената сума за курсот, намалена за 20% за административни трошоци. Средствата може да се вратат само со приложена оригиналната потврда за плаќање на курсот.
По започнувањето на курсот не е можно да се вратат средствата освен во случај на сериозна причина, како на пр. болест. Во овој случај, може да се врати уплатената сума за курсот, намалена за 20% за административни трошоци. Средствата може да се вратат само со приложена оригиналната потврда за плаќање на курсот.
 4.2. Во случај на анулирање на курсот од страна на Гете-институт целосната цена на курсот ќе биде вратена.

5. Определување на ниво / Број на учесници
5.1. Определување на нивото е врз основа на резултатите од тестот за определување на ниво и разговор.
5.2. Нашите курсеви имаат најмалку 8 и најмногу 16 учесници. Ако на почетокот на курсот, се пријавиле недоволен бројот на учесници за тој курс, ние го задржуваме правото да го откажеме овој курс или да го смениме терминот за почнување на тој курс.

6. Обврски на учесникот / учесниците на курсот
Учесникот е должен да го почитува важечкиот курсен и куќен ред. Во случај на прекршување на курснот и куќниот ред, учесникот може да биде исклучен од учество на курсот. Право на враќање на средствата, во овој случај не е возможно.

7. Одговорност на Гете-институт / виша сила
Одговорноста на Гете-институт и неговиот персонал е ограничена само на намерно и крајно невнимание. Гете-институтот не одговара за откажувањето на своите услуги
поради виша сила (на пример, природни катастрофи, оган, официјални наредби и сите други околности кои се надвор од негова контрола).

8. Заштита на податоци
Учесникот се согласува Гете-институтот електронски да ги евидентираат и обработи неговите лични податоци поради правилно спроведување на пријавите за упис, процедурите за пресметки и докажувањето на успехот на курсевите.