Придружна настава по
германски јазик на факултетите
„Повеќејазичноста кон која се стреми Заедничката европска референцијална рамка за јазиците (GER) се чини дека и покрај односно поради Болоњскиот процес сепак води кон стекнување на знаења на само еден странски јазик, имено, англискиот.“ (D. Levy-Hillerich).
За да се спротивстави на оваа тенденција Гете-институт, со повеќегодишната великодушна поддршка од Фондацијата Роберт Бош, во 2004 г. иницираше изработка на рамковна наставна програма по германски јазик наменета за факултетите на кои се изучува германскиот како странски јазик за земјите Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија. Програмата сега е достапна и на македонски јазик. Целта на програмата е да се обезбеди долгорочна поддршка и квалитет на наставата по германски јазик на сите студиски насоки освен германстика. Наставниците добиваат инструмент со кој можат адекватно да ја планираат наставата по германски јазик според специфичните потреби на соодветната студиска насока на тој начин што студентите покрај знаења на германскиот јазик ќе имаат можност да стекнат и универзални стручни квалификации.
Наставната програма на македонски ја преведе Елена Цицковска, а прилозите се достапни само на германски јазик. Врз основа на програмата беше изготвен учебникот "Mit Deutsch - studieren - arbeiten - leben" во издание на Arcipelago Edizioni од Милано.