Учењето е индивидуален процес. Колку време Вам лично ви е потребно, за да постигнете одредено ниво, зависи од различните, воедно и индивидуални фактори: ангажман, време и употреба на дополнителни вежби.
Доколку веќе имате изучено еден или повеќе јазици, најчесто побрзо ќе научите германски. Голема улога игра и тоа, дали ќе посетувате курс во Вашата земја или во Германија, каде што и надвор од наставата ќе слушате и зборувате германски.
За процесот на учење важен е истотака и интензитетот на наставата (интензивен курс или вечерен курс и сл.). Ве молиме за ова да се обратите на од Вас избраниот испитен центар и лично да побарате информација.