Иницијативата „Училишта: Партнери на иднината” (PASCH) поврзува светски распространета мрежа од повеќе од 1.700 училишта со особена врска со Германија. Гете-институт соработува со околу 550 партнерски училишта (PASCH) во склоп на националните образовни системи на околу 100 земји.
Alumniportal Deutschland е социјална мрежа за унапредување на поврзувањето и научната размена на алумни кои имаат врска со Германија, претпријатија, факултети и организации.
Министерството за надворешни работи и Гете-институтот во рамките на програмата Europanetzwerk Deutsch доделуваат стипендии на високи службеници од министерствата од земјите на Европската унија и други земји
Овој рамковен курикулум го изработија универзитетски професори и лектори за настава по германски како странски јазик на нефилолошки факултети на универзитетите во Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.