Задачи и цели
Јазик. Култура. Германија.
Гете-институт е културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет.
Го афирмираме учењето на германскиот јазик во странство и негуваме меѓународна културна соработка. Преку информации за културниот, општествениот и политичкиот живот во нашата земја пренесуваме една опсежна слика за Германија. Нашите програми од културата и образованието го унапредуваат меѓукултурниот дијалог и овозможуваат учество во културните настани. Тие ја зајакнуваат изградбата на структурите на граѓанското општество и афирмираат мобилност насекаде во светот.
Со нашата мрежа од Гете-институти, Гете-центри, културни друштва, читалници, како и испитни и јазични центри, за многумина ние сме првиот контакт со Германија повеќе од шеесет години. Преку многугодишната партнерска соработка со бројни водечки институции и личности во повеќе од 90 земји стекнавме долготрајна доверба во нашата земја. Ние сме партнер за сите што активно се занимаваат со Германија и нејзината култура и работаат на сопствена одговорност и политички независно.

Активностите се поделени на следниве работни области
- Образовна соработка – германски јазик: унапредување на наставата по германски јазик и стручната компетенција на наставниците по германски јазик; поддржува вкупно 12 Pasch односно проектни училишта во Северна Македонија на кои се учи германски од прво одделение. Освен тоа Гете-институт Скопје поддржува и две Pasch училишта во Косово и едно во Албанија.
- Културна програма во областите: наука, литература, филм, медиуми, музика, театар/танц, ликовна уметност. Соработка со 4 културни друштва во Скопје, Тетово и Битола. Покрај дејноста во Северна Македонија, Гете-институт Скопје има и субрегионални дејности во Косово и Албанија и таму одлично соработувба со две културни здруженија во Приштина и едно во Тирана.
- Интензивирање на културната соработка и програмите за зближување на земјата-домаќин и Германија, особено заради отстранување на стереотипите кои постојат на двете страни.
- Учество во иновативни процеси и нивна презентација во уметноста, науката и медиумите
- Поддршка на внатрешно-европскиот дијалог
- Тематизирање на малцинските проблеми, етничката разновидност и мултикултурализмот
- Унапредување на наставата по германски јазик почнувајќи од основното, па сè во високото образование