TestDaF

TestDaF Foto: Goethe-Institut/Sonja Tobias

Сакате ..

  • да студирате, истражувате или да работите во Германија
  • да полагате јазичен испит што е признат од сите факултети во Германија
  • да ги уверите истражувачките институции и работодавците во Вашите познавања од германскиот јазик

TestDaF е јазичен испит на напредно ниво. Ги опфаќа нивоата Б2 и Ц1 од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.
 
Доколку сте ги положиле сите четири дела од TestDaF со оценка 4 од TestDaF-нивоата, сертификатот важи како јазична потврда за прием на речиси сите предмети и отсеци на германските факултети.
Јазичниот испит TestDaF е, исто така, меѓународно признат доказ за Вашите познавања од германскиот јазик за научни проекти и академски професии.

Не е неопходно стручно знаење за испитот.

Застапени низ цел свет

TestDaF можете да го полагате во сите лиценцирани испитни центри. Во моментов има околу 450 испитни центри, кои го нудат TestDaF. Тука можете да барате испитни центри во Германија и во светот:

Подготовка

Материјали за вежбање

Тука ќе најдете материјали за вежбање и препораки за литература што може да се користи.

Материјали за вежбање

Тука ќе најдете материјали за вежбање и препораки за литература што може да се користи.

Дополнителни информации

Предуслови, содржини на испитот и други информации за TestDaF можете да најдеш тука: