Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

Вклучено микро-предавање и работилница на тема меки вештини
Хоспитација

Идните наставници по германски јазик и колегите со малку искуство во наставата имаат можност активно да ги развиваат своите наставни компетенции. Преку насочени практични фази (т.н. микро-предавање), тие можат да набљудуваат кратки наставни секвенци, да размислуваат за нив, да дискутираат за нив во мали групи, сами да планираат секвенци и да ги испробаат во заштитена средина.
  • Времетраење: 8 сесии од по 3 наставни единици микро-предавање (Micro-Teaching) Плус работилница од 3 наставни единици на тема меки вештини (Soft skills)
  • Формат: лично

Mикро-предавање (Micro-Teaching)

Сите важни наставни принципи, коишто влијаат на квалитетот на наставата, вклучително и специфични начини на однесување се пренесуваат на практичен начин. Притоа, меѓу другото се става фокус на унапредувањето на самокомпетентноста, којашто е особено важна за личната наставна пракса.

По секоја наставна единица следува детална дискусија со придружниот наставник. Учесниците размислуваат заедно за позитивните и предизвикувачките аспекти на наставата. На овој начин учесниците се поддржуваат во усовршување на наставните процеси, стекнување на сигурност во наставата и развивање на својата лична наставничка личност.

Наставни цели на оваа напредна обука

Учесниците...
  • ги запознаваат методичко-дидактичките принципи и учат, како можат да ги имплементираат во наставата.
  • можат да ја набљудуваат наставата и да ја оценат според важни критериуми за квалитет. 
  • можат да размислуваат за својата и за наставата на другите и да разменуваат мислења со колегите за тоа.
  • се запознаваат со актуелни наставни материјали и форми на медиумски презентации.
  • можат да изработуваат вежби и задачи за учење за потребите на наставата.
  • можат да применуваат соодветни форми на работа за сопствена целна група.
  • свесни се за својата улога како наставник и соодветно ја планираат својата настава.
© Gevi Dimitrakopoulou/Goethe-Institut Athen

Работилница „Меки вештини“

Учесниците добиваат практични алатки, за оптимизација на своите лични, комуникациски и социјални вештини и натамошно развивање на својата автономија во процесот на учење. За таа цел им се презентираат специфични активности, коишто можат да ги применат во својата настава, со цел преку неформално учење да се поддржат учениците во развојот на меките вештини. 

Цели:

  • Оптимизација на соработка и комуникација
  • Зајакнување на самосвесноста и компетенцијата за рефлексија
  • Вовед во методите за неформално образование
  • Сензибилизација за интеркултурна комуникација
  • Зајакнување на способноста за решавање проблеми и примена на практични активности во наставата
Работилницата нуди можност за развивање на компетенциите насочено кон одредена цел во поддржувачка и интерактивна средина.

Следете не