Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

FilmED

Филмовите се многу повеќе од обичен медиум. Тие инспирираат, фасцинираат, трогнуват и помагаат да се разбере светот. Проектот FilmED нуди едукација на младата публика за филмот. Без разлика на возраста или социјалното потекло, FilmED им нуди на децата и младите, од градинка до средно училиште, можност да се нурнат и да го разберат светот на филмот.

FilmED - Key Visual © Goethe-Institut

За проектот

Во рамките на проектот FilmED вклучени се културни и образовни организации, филмски фестивали, кина и други филмски институции. Тие се поддржани да го споделат своето знаење за независно кино, филмска историја и филмска техника со други наставници и едукатори.

Институциите развиваат наставни програми и сценарија за филмско образование, кои ќе можат директно да се интегрираат во наставната рутина. За таа цел е креиран интерактивен сајт кој нуди обука на заинтересираните едукатори за практични насоки и конкретна поддршка. Овие практични, реални сценарија за учење кои може да се имплементираат директно во наставата го формираат јадрото на веб-страната.

На овој начин ќе се дојде до илјадници студенти од Централна и Југоисточна Европа и со филмското образование ќе се продлабочи нивната свест и знаење за европскиот филм. Понатаму, во наставните сценарија, филмот ќе се користи како медиум за промовирање на разбирањето на социјалните и политичките контексти.

За да се увериме дека проектот дава простор на разновидна, обесправена публика, ќе соработуваме со различни ранливи групи и ќе вклучиме филмови кои се занимаваат со нивните проблеми и ги претставуваат нивните гласови.

Активностите на проектот се одвиваат во Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Северна Македонија и Германија.

Целни групи

Образовни и филмски институции


Нашата главна цел е да ги поддржиме образовните и филмските институции во создавањето наставни програми во областа на филмската едукација. Ја прошируваме филмската едукација преку моделот „Train-the-Trainer“. Преку интерактивна онлајн платформа и практични примери од претставените работилници за филмска едукација, овие институции учат како ефективно да го пренесат своето знаење за светот на филмот на наставниците и имаат корист децата и младите.
Работиме со:
  • -Културни и образовни организации и НВО
  • -Школски и образовни институции
  • -Филмски фестивали
  • -Филмски музеи или архиви
  • -Педагози

Педагози

Нашата главна цел е да им овозможиме на педагозите директно да ја спроведат филмската едукација во нивните институции. Со FilmED наставниците и воспитувачите имаат корист од практични обуки и учат како најдобро да ја вметнат филмската едукација во нивната училница. За да се обезбеди практичност и корисност, тие од самиот почеток се вклучени во проектот и обучени со реални сценарија и млада публика.
Работиме со:
  • -Наставници
  • -Воспитувачи
  • -Социјални работници и претставници на маргинализирани групи
  • -Младински работници
  • -Млади луѓе

Млади луѓе

Ние сакаме младите луѓе да имаат поголема филмска компетенција и подобро разбирање за европскиот филм. Веруваме дека добрата филмска едукација овозможува преку да стекнат знаења во рамките на нивните училишни предмети. Оваа целна група ја достигнуваме преку тесна соработка со наставниците и воспитувачите.
Работиме со:
  • -Ученици од основно образование
  • -Ученици од средно образование
  • -Млади луѓе во неформални образовни проекти
  • -Маргинализирани групи како малцинства, лица со попреченост, -LGBTQIA+ заедници, лица од ментално-здравствени заедници итн.

 

Kontakt

Доколку сакате да учествувате и да бидете во тек со активностите, обратете се на Тереза Штастна: tereza.stastna@goethe.de