Alumniportal Deutschland

Alumniportal Deutschland Слика: Alumniportal Deutschland Десетици илјади луѓе од целиот свет студираат, работат или истражуваат во Германија или во германски институции во странство, одат на некоја обука или доедукација или посетуваат јазичен курс. Преку „Alumniportal Deutschland“, интернет-платформата за алумни кои имаат врска со  Германија, по Вашето враќање дома може да останете во контакт со другите и со Германија.

Од септември 2008 г. постои „Alumniportal Deutschland“ на интернет. Порталот служи како платформа за комуникација и контакт на којашто е изградена мрежа од алумни од целиот свет кои имаат врска со Германија, кои стручно, професионално или приватно се во тесна врска со германските интереси. Во срцето на платформата е заедницата, во која алумните создаваат контакти, ги зацврстуваат и негуваат, разменуваат мислења во групи, форуми и блогови и учествуваат на вебинари. Во магазинот се нудат интересни статии, работни места, совети и алумни-новости.

Alumniportal Deutschland е отворен за стипендисти од сите организации што нудат стипендии, а освен тоа и на оние кои на сопствен трошок се школувале во Германија или во некоја германска институција во странство. Така, најпрво настана форумот за сите алумни од целиот свет кои имаат врска со Германија. Регистрирајте се на Alumniportal Deutschland, креирајте свој профил, останете во контакт со Германија и проширете ја Вашата мрежа низ целиот свет!

„Alumniportal Deutschland“ е бесплатна понуда, финансирана од Министерството за надворешни работи и поддржана од три германски организации со долгогодишно искуство во културната и образовната политика во странство. Гете-институт учествува како партнер за соработка, ја проширува понудата на тема „Култура“ и „Германски јазик“ и ги вклучува своите алумни.