Дополнителни информации

Назад до Goethe-Zertifikat A1: Start Deutsch 1

Воопшто не е така тешко: Деловите на испитот

Испитот Goethe-Zertifikat A1: Start Deutsch 1 се состои од деловите: читање, слушање, пишување и зборување (устен испит во група).
Испитот се спроведува и оценува подеднакво насекаде во светот.
 

Читање

Читате текстови како куси забелешки, кратки огласи, информативни табли или соопштенија и одговарате на задачи поврзани со нив.

Времетраење: 25 минути

Пишување

Пополнувате едноставни формулари и пишувате еден краток личен текст за некоја ситуација од секојдневието.

Времетраење: 20 минути

Слушање

Слушате куси разговори од секојдневието, телефонски пораки или јавни соопштнија на разглас и одговарате на задачи поврзани со нив.

Времетраење: 20 минути

Зборување

ѝ се претставувате на групата. Потоа поставувате и одговарата на прашања од секојдневието и замолувате некого од групата за нешто.

Времетраење: 15 минути

Предуслови

Goethe-Zertifikat A1: Start Deutsch 1 претставува испит по германски јазик за возрасни.

Испитите на Гете-институт им стојат на располагање на сите заинтересирани и може да се полагаат независно од достигнувањето на најмала возраст и независно од поседувањето на германско државјанство.
  • За Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 се препорачува возраст над 16 години.
  • Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 предвидува јазични познавања на првото ниво од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).
  • За да се постигне ова ниво, потребни се од 80 до 200 наставни часа од 45 минути (во зависност од предзнаењата и условите за учење).