Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1) Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Илустрација на дете и младинец пред компјутер Илустрација: Tobias Schrank © Goethe-Institut

#Заменска програма


Понуда за деца

Kinderuni ©Goethe-Institut

Учење
Детски универзитет

Деца од 8 до 12 години можат да студираат на три различни факултети од нашиот Детски универзитет: луѓе, природа и техника. По бесплатната пријава можат да ја користат интерактивната платформа за учење и истовремено да го учат германскиот јазик.
 

Märchenwald © Goethe-Institut

Читање
Бајки од целиот свет

Трнорушка, Пепелашка и Принцот жаба? Тоа одамна не се сите приказни! Тука има приказни од целиот свет за децата и за сите пријатели на приказните: можат самостојно да се откриваат и читаат.  
 


Понуда за млади

JuniorUni Landing © Goethe-Institut

Учење
Младински универзитет

Младите помеѓу 12 и 14 години можат да ги посетат возбудливите предавања во дигиталниот Младински универзитет: темите се роботика, вселената, технологии, истражување на природата, енергија и одржливост. По бесплатното пријавување можат да си ги прошират знаењата и, покрај тоа, да учат германски јазик.

Lesende junge Erwachsene mit Kopfhörern Foto: VOISIN/PHANIE © picture alliance / Phanie

Читање
„Одбирач на црешки“ посебно издание: препораки за читање и слушање за млади

Нашиот блог „Одбирач на црешки“ редовно ги рецензира актуелните книги од Германија. Дополнително за млади од 12 години составивме избор од книги и игри со слушање.
 

Popcast © Goethe-Institut | Illustration: DOON 東

Слушање
Popcast

Рок, поп, хип-хоп, електронска: овој Podcast секој месец им презентира на возрасните и на младите заинтересирани за музика нова музика од Германија од другата страна на листата на хитови. Квалитетен поп made in Germany, исто и во претплата за преземање.

Bauhaus © Goethe-Institut | CC BY-NC 3.0

Интерактивно
Баухаус Направи сам

Модуларно, интердисциплинарно и лесно достапно - нашиот сет со составни делови им обезбедува практичен и личен пристап до основните принципи на изградбата на децата и младите од 12 до 18 години.
 

Erfinderland Deutschland - Medizin © picture alliance/Mint Images; Fotograf: Mint Images

Германија: Земја на пронајдоци - медицина

Зошто се разболуваат некои луѓе? Што се рендгенски зраци и како всушност функционира вакцината? Младите што се заинтересирани за природните науки тука ќе најдат кратки информативни текстови за медицински пронајдоци.

Mehrere Jugendliche diskutieren Inhalte auf einem Bildschirm Foto:zerocreatives © picture alliance/Westend61

PASCH-Global – онлајн-училиштен весник

PASCH-Global е онлајн-училиштен весник на ПАШ-иницијативата. Со текстови, слики, видеа и аудија, младите низ светот блогираат за своите животи и за своите земји.


Spiele

Квиз
квиз: ОколуСветот

Децата и младите од осум години во овој квиз можат да го тестираат своето знаење за темите од природата и животната средина.
 

Quiz: Entweder-Oder? © Pfeffermind Games

Квиз
Тестирај го твојот еко-тип!

Брзо одлучување: Тука децата и младите од осум години можат да дознаат, кој еко-тип се.
 


Други материјали за учење

Science Film Festival © iStock Sarayut

Фестивал на научни филмови 2020

Тука ќе најдете филмови и соодветни материјали за учење за деца и млади од сите возрасни групи за наука, технологија и животна средина.
 

DLL 10 - Deutsch für Jugendliche © GettyImages

Германски јазик за млади

Информации, линкови и видеа на теми, кои ги засегаат младите. Тука ќе најдете проекти на Гете-институт за млади, како и информации за истражување, резултати од студии и институции, кои се занимаваат со младите.

Fortbildung Unterricht mit Kindern

Германски јазик за деца

Како децата најдобро учат германски? Тука ќе најдете голем избор на разни веб-проекти, наставни планови, игри и повеќе за учениците и наставниците по германски на основните училишта.