Culture for Change

Culture for Change © Qendra Multimedia

"Culture for Change" (Култура за промени) е тригодишна програма која е финансирана од Европската Унија, управувана е од Канцеларијата на Европската Унија во Косово и имплементирана од Чендра Мултимедиа (Qendra Multimedia) и Гете-институт.

Проектот „Култура за промени“ ја следи целта да ги зајакне културните организации и јавните библиотеки низ цело Косово, со тоа што директно финансиски поддржува културни и педагошки активности. Еден од стратешките приоди на проектот се состои во тоа да организира настани во главниот град и во големите градови, како и во пооддалечените делови на земјата. Едновремено треба да се подобри и вклучувањето на локалните заедници од сите етнички групи во културните активности.

Во двата повика за пројекти, Култура за промени поддржа над 80 културни организации во Косово кои имаат директно корист од овие грантови, како и активности за градење на капацитети. Во активностите поддржани и организирани од Култура за промени, до крајот на програмата, има за цел директно и индиректно да се вклучат околу 400.000 косовски граѓани кои ќе можат активно да учествуваат во културни активности.

  • Keep Learning ©Qendra Multimedia
  • Keep Rocking ©Qendra Multimedia
  • Keep Dancing ©Qendra Multimedia

Пристап и цели на проектот

Проектот „Култура за промени“ користи интегративен и сеопфатен пристап за остварување на целите. Вниманието е насочено на децентрализација на културните активности. Со тоа се постигнува засилено да се пријавуваат невладините организации на национално ниво со проекти и да се поддржат културни иницијативи низ земјата и не само во Приштина. Косовската понуда за култура доживува појачување и проширување. Во оваа смисла се поддржуваат активности на јавните библиотеки во Гнилане, Призрен, Ѓаковица, Качаник и Ѓенерал Јанковиќ. Понатамошен важен аспект е поддршката на маргинализираните групи. Во врска со ова проектот „Култура за промени“ во мај 2019 организира приватно читање и концерти во домови за стари лица со познати уметници како Чун Лајчи, Мелихате Ќена и Платор Гаши. За време на огласувањата пристигнаа голем број пријави од малцинства, кои беа поддржани во сите фази на развојот на проектот. Проектот насочува особено внимание подеднакво да се застапени половите и поддржува проекти, чија цел беше изградба на капацитети за млади локални уметници. Втората година проектот ги искористи двата големи настани polip Фестивал и Театар Шоукејс за да ја поддржи локалната и меѓународната соработка, така што во овие рамки учесниците на проектот можеа да се сретнат, да дискутираат и да соработуваат со локални, регионални и меѓународни организации, уметници, театарски и филмски режисери.      
 

Податоци и факти

Во 2019 година oд 46-те поддржани проекти, 34 културни иницијативи резултираа со:
  • 106.935 учесници  во разни настани
  • 229 работилници, семинари,  курсеви по музика, дискусии и обуки
  • 3.567 учесници на тренинзи за изградба на капацитети
  • вклучување на 719 волонтери, од кои 150 на фестивалот Докуфест
  • 25.000 посетители на  фестивалот При Филм
  • поддршка со 1.008 локални уметници односно 1.098 меѓународни уметници
  • 7 претставници од локални невладини организации учествуваа во работилница за подигнување на организативни капацитети за подигање на фондови
  • уметничка  работилница  со жени  жртвите на военото насилство
  • 1 проект за претставување на традиционалната облека и танци на различните народни групи кои живеат во Косово
  • истражување за ситуацијата на културниот сектор во Косово
  • ученици од 4 села на општините Урошевац, Сухарека, Вучитрн и  Косовско Поле ги изучуваат основните техники на анимација и продуцираат  анимации
  • во рамките на меѓународниот светски ден на книгата на 23 април учествуваа учениците од 2 основни училишта во Качаник и Генерал Јанковиќ во литературни промовирани активности
  • развој на документарен филм за проектните достигнувања.