Во заедницата „Германски за тебе“ ќе најдете многу вежби (ниво А1-C1) за бесплатно учење германски. Учениците тука можат меѓусебе да си разменуваат исксуства во групи или форуми
Вежбајте германски за Вашата професија со вежби на степените од А1 до В2. Во интервјуата и филмовите ќе дознаете повеќе за работното секојдневие во Германија.
Што готвам, кога на крајот на месецот е празен фрижидерот? Покрај тоа, како го спасувам светот? И како да ги преживеам студиите? Онлајн-магазинот „Германија #безфилтер“ нуди совети, необичности и духовити приказни за животот во Германија.
Шест кандидати, два тима, една цел: Берлин. На своето патување низ Германија, шестмина млади изучувачи на германскиот јазик од цел свет мора да совладаат возбудливи предизвици.
YouTube-каналот „24h Deutsch“ ги носи гледачите на патување низ еден типичен ден во Германија. Секое продолжение се однесува на тема за учење германски: од брзозборка преку проколнување, па сè до конјунктив 2 (ниво А2/Б1).
Како се брои на германски? Како се викаат намирниците? Како се кажува времето на германски? Во 10 поглавја можете да ги вежбате зборовите и структурите за темите од секојдневието.
Новата апликација за учење ги води оние што учат германски јазик низ еден „Град на зборови“. Преку интерактивна размена со другите играчи, апликацијата нуди вокабулар на ниво А1/А2. Апликацијата може бесплатно да се преземе.