Разновидност во филмската бранша
„Сите ние сме пример!“

Германско-турскиот актер и комичар Тан Каглар седи во инвалидска количка - и меѓу другото може да се види во ТВ серијата „Во целото пријателство“ (ARD / MDR).
Германско-турскиот актер и комичар Тан Каглар седи во инвалидска количка - и меѓу другото може да се види во ТВ серијата „Во целото пријателство“ (ARD / MDR). | Фотографија (Detail): © MDR/Saxonia Media/Rudolf Wernicke

Актерката, режисерка и продуцентка Шери Хаген работи посветено на зголемување на диверзитетот во германската филмска индустрија. Што треба да се промени пред и зад камерата.

Шери Хаген е родена во Лагос (Нигерија) во 1968 година и пораснала во Хамбург. Како актерка таа може да се види во кино и на телевизија, во  „Животот на другите“, „Баал“ или во „Местото на злосторството“. Во 2015 година ја основа својата продуцентска куќа „Equality Film“. По „На втор поглед“ и „Прозорец син“, Хеген моментално работи на третиот игран филм „Били“. Шери Хаген е родена во Лагос (Нигерија) во 1968 година и пораснала во Хамбург. Како актерка таа може да се види во кино и на телевизија, во „Животот на другите“, „Баал“ или во „Местото на злосторството“. Во 2015 година ја основа својата продуцентска куќа „Equality Film“. По „На втор поглед“ и „Прозорец син“, Хеген моментално работи на третиот игран филм „Били“. | Фотографија (Detail): © picture alliance/dpa/Roland Popp Госпоѓо Хаген, студијата „Разновидност во филмот“ оваа година покажа дека дискриминацијата е главен проблем во германската филмска индустрија. Ова е резултат од онлајн-анкета во која учествуваа над 6.000 филмски работници од 440 професии во периодот од јули до октомври 2020 година. Зошто учествувавте во иницијативната група која ја уредуваше содржината на прашалникот?
 
Сакав да знам колку всушност сме различни пред и зад камерата. Дали ме лаже мојата перцепција на монотонијата или бројките конечно покажуваат дека нашиот филмски и телевизиски пејзаж функционира со исклучоци.
 
Имаше ли во резултатите нешто што Ве изненади?
 
Фактот дека 81 отсто од жените доживуваат повеќекратно сексуално вознемирување за време на работата и дека повеќе од 70 отсто од луѓето со миграциско потекло се гледаат себеси прикажани како клише. Ова потврдува дека нашите содржини се раскажуваат само на одредена публика.
 
Се промени ли нешто откако беше објавена студијата?
 
Тоа отвора дискурси во здруженијата и филмските институции, но храброста да се преземат големи чекори и всушност да се имплементира различноста во филмот сè уште недостасува. Неопходна е реконструкција на институтите за финансирање на филмови. Производството мора финансиски да се зајакне на таков начин што ќе биде можен пристап без бариери. Филмот мора да се гледа како образовен адут за да се намали дискриминацијата, тој мора да понуди примери за секого и да ги покаже луѓето во нивната различност.
 
Каква улога игра досега прашањето за различностите во финансирањето на филмот?
 
Не сум баш сигурна дали Германија навистина сака повеќе различност. Содржината речиси и не се менува, а гледам и малку разнолики тимови. На пример, ретко гледам луѓе со темна кожа или луѓе со попреченост на клучни позиции. Сè додека ништо не се менува зад камерата и во содржината, разноликоста во филмот останува утопија. Стигна од германски филм и телевизија до Холивуд: Актерот Мурали Перумал играше во 2014 година во „Големата игра - ловот започнува“. Стигна од германски филм и телевизија до Холивуд: Актерот Мурали Перумал играше во 2014 година во „Големата игра - ловот започнува“. | Фотографија (Detail): © picture alliance/Eventpress/Eventpress Radke Во 2020 година Фондот за филмското финансирање Хамбург Шлезвиг-Холштајн воведе чек-листа на диверзитетот. Нејзиниот филмски проект „Били“ тогаш бил финансиран со 25.000 евра. Какво беше Вашето искуство со чек-листата?
 
Многу сум среќна што ја имам оваа корисна алатка за самопроверка. Чек-листата предизвика дебата и отвори простор; оттогаш им се даде шанса на новите раскажувачи. Штета е што тоа не го следеа многу институции за финансирање. Многумина зборуваат за поголема разновидност, а притоа се држат до старите структури. Чек-листата на креативците исто така не е доволна, нешто слично ни треба и за носителите на одлуки на емитувачите.
 
Критичарите на чек-листата велат дека таа ја ограничува уметничката слобода.
 
Постојано го слушам тоа. Но, што се мисли под поимот уметничка слобода? Зарем наводната уметничка слобода не значи придржување до старите структури на моќ? Цело време морам да го трпам тоа. Приказни усогласени со системот и неконзистентни со реалноста. Чек-листата на диверзитетот е обид да се проба нешто ново. Различноста значи повеќе можности за раскажување, поголема слоевитост во приказните, но и да се одрази реалноста во тимовите зад камерата - рамноправно учество за сите.
 
Какво значење треба да има различноста во филмот?
 
Всушност никакво. Треба да биде разбирливо само по себе тоа, дека сите треба да бидеме видени и слушнати. Нашето општество е повеќеслојно и разновидно, нашата реалност е повеќеслојна и разновидна, зошто да не го земеме тоа здраво за готово и во филмот и телевизијата и во тимовите? Како дете никогаш не се гледав себеси во германски филм или телевизија, а ниту моите деца не се гледаат. Се надевам дека моите внуци ќе можат да се видат себеси така, без да бидат етикетирани, едноставно човечки, без маркирање на нивното потекло. Долго време води кампања за поголема разновидност во филмската индустрија: актерката Марија Фуртвенглер во интервју во 2017 година за родовата застапеност во филмот и телевизијата. Долго време води кампања за поголема разновидност во филмската индустрија: актерката Марија Фуртвенглер во интервју во 2017 година за родовата застапеност во филмот и телевизијата. | Фотографија (Detail): © picture alliance/dpa-Zentralbild/Martin Schutt УФА, исто така, сака подобро да ја одрази различноста. Ја имаше иницијативата #actout, на NDR-место на злосторството беше работено со „Inclusion Rider“. Кој од овие пристапи мислите дека има смисла?
 
Мислам дека сите се исправни и неизбежни. Нерамнотежата е едноставно преголема и затоа секоја иницијатива, секоја свест дека креаторите на медиумите имаат општествена одговорност е важна.
 
Кои се вашите очекувања за иднината на германската филмска индустрија?
 
Очекувам квота од 50:50 на просечна основа. Адаптација на британските BFI стандарди за различност, обучувачи за совесност и интимност на сетот и во продукциите, како и филмови без бариери.
 
За секојдневниот расизам, режисерката Сара Бласкивиц вели дека засегнатите страни укажуваат на проблемите, но не можат да понудат решенија. Како го гледате тоа?
 
Слично. Организациите кои ги застапуваат различните непривилегирани луѓе веќе нудат решенија или мерки. Но, тие не се прифатени ниту од политиката. Премногу често, расистичките напади остануваат без никакви последици. Сите ние имаме општествена одговорност, особено оние што носат одлуки, а не само креативците. Сите ние сме пример! Таа стана позната преку музичкиот канал ВИВА, денес е многу гледано лице во ТВ-криминалните серии и во киното, вклучително и во комедијата од Источен Берлин „Алеја на Сонцето“: актерката Мин-Каи Фан-Ти. Таа стана позната преку музичкиот канал ВИВА, денес е многу гледано лице во ТВ-криминалните серии и во киното, вклучително и во комедијата од Источен Берлин „Алеја на Сонцето“: актерката Мин-Каи Фан-Ти. | Фотографија (Detail): © picture alliance/Eventpress/Eventpress Fuhr