Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1) Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Одберете термин

Онлајн-курс во група

Заедничко учење германски - возбудлива размена и индивидуално учење

Одберете термин
Илустрација: група со повеќе учесници
  • 50% во живо во виртуелна училница
  • 50% самостојно учење на платформа за учење
  • континуиран надзор и поддршка од наставник

Флексибилно учење со чувство на припадност во групата

Сакате сами да одлучите, како и кога да учите германски јазик, но сакате со задоволство да разменувате искуства во групата? Вашиот наставник/наставничка ќе Ве поддржува во индивидуалните и групните задачи. Читајте, пишувајте, слушајте и зборувајте германски јазик!

Со тест за одредување на нивото ќе дознаеме, какви предзнаења имате, заедно со Вас ќе одредиме цел на учењето и ќе го одбереме соодветниот курс за Вас.
  • Ниво
    А1.1-Ц1.3

  • Почеток
    Крај на јануари/почеток на февруари; крај на март/почеток на април; крај на мај/почеток на јуни; почеток на септември; крај на октомври/почеток на ноември

  • Траење
    7-8 недели

  • наставни часови неделно
    флексибилно

  • Учесници
    максимум 16

  • пристап до платформата за учење
    За времетраење на курсот и три недели по завршување на курсот

  • Цена
    12.500 МКД (А1.1-Б1.3); 13.500 МКД (Б2.1-Ц1.3)

Тоа функционира вака

Платформа за учење
Вашиот онлајн групен курс по германски јазик е поделен во различни поглавја, кои се посветени на секојдневни и актуелни теми и посредуваат соодветен вокабулар и граматика. Вие ќе учите со многу разновидни онлајн-вежби, на пр. видеа, слики, аудиа, текстови за читање и текстови со празнинки, како сами така и во група. Важни прегледи за различни теми од онлајн курсот по германски јазик Ви се достапни за преземање.

Поддршка од страна на наставникот/наставничката
Подолгите задачи за пишување можете да ги пратите по мејл кај Вашиот наставник/наставничка и да ги добиете коригирани назад со опширен фидбек. Доколку имате прашања, можете да стапите во контакт со членовите на Вашата онлајн-група преку форум или да се обратите по мејл на Вашиот наставник/ наставничка.

Онлајн-настава на сесии во живо
Ќе имате средби со Вашиот наставник/наставничка и другите учесници на повеќе наставни часа во Вашата виртуелна училница. Таму се вежба зборување на германски јазик.
Група и ученици на лаптоп

Испробајте едноставно и бесплатно

Запознајте ја нашата платформа за учење. Ви даваме на располагање бесплатно одделни теми од различни нивоа.
Begrüßung © puhhha/ Shutterstock

Пробно поглавје А1 Старт Здраво, како си?

Овде ќе ги научиш времињата од денот, како да поздравиш некого на германски и како да се претставиш.

Овошје и зеленчук © marilyn barbone / Adobe Stock

Пробно поглавје А1 Почетници Пазарење и јадење

Овде ќе научите зборови за храна и пијалоци и количини при пазарење.

Еден келнер покажува на млад пар во ресторан на нивната маса. Фотографија: Гете-институт/Бернхард Лудевиг

Пробно поглавје А2 Во ресторан

Овде ќе научиш како да нарачаш во ресторан, како да замолиш за сметката и како да дадеш напојница.

Често поставувани прашања

Имате ли уште прашања? +389 2 3121604 Со задоволство ќе Ве советуваме: info-skopje@goethe.de