Дигитална компетенција
КОИ ДИГИТАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ НА НАСТАВНИЦИТЕ ДЕНЕС?

Digitale Kompetenz der Lehrerkraft
© adobe.stock

Германската политика штотуку донесе одлука за големи инвестиции во областа на дигиталните медиуми во училиштата. Затоа, уште поитно се наметнува прашањето како наставниците треба да се справат со оваа тема во иднина.

Германската политика штотуку донесе одлука за големи инвестиции во областа на дигиталните медиуми во училиштата. Затоа, уште поитно се наметнува прашањето како наставниците треба да се справат со оваа тема во иднина.

DIGITALPAKT УЧИЛИШТЕ


Благодарение на DigitalPakt Schule („Дигитал Пакт училиштето“) усвоено од Сојузното собрание со буџет од 5 милијарди евра, училиштата во Германија наскоро ќе бидат технички подобро опремени. Класовите треба да бидат опремени со WLAN, нови лаптопи и интерактивни табли. Преку онлајн-платформи треба да се поттикнува „колаборативно учење“.

Но, Сојузното Министерство за образование, исто така, знае: „Ниту еден медиум не произведува добро образование сам по себе“. Овде, повторно сè зависи од наставниците, кои „мора да бидат добро квалификувани за користење дигитални медиуми и пренесување дигитални вештини“. 

Ако го пребарате поимот „дигитална компетенција на наставниците“ во пребарувач, како што е на пр. Google, ќе Ви се појават помеѓу 750.000 и 2,8 милиони предложени страници. Па, на што можеме да се ориентираме?

 ЕВРОПСКА РАМКА ЗА ДИГИТАЛНА КОМПЕТЕНЦИЈА НА НАСТАВНИЦИТЕ

Европската комисија во 2017 година ја објави „Европската рамка за дигитална компетенција на наставниците“ (DigCompEdu). Досега таа беше достапна на англиски јазик, а сега е преведена и на германски јазик од страна на Гете-институтот. Digitalkompetenz © European Union 2017 Покраинскиот медиумски центар Баден-Виртемберг (LMZ) ги опишува целите на DigCompEdu на следниов начин:
 
„Дигиталната европска рамка за компетенции на наставниците е наменета за тоа, да им овозможи на наставниците да го утврдат своето ниво на компетентност во дигиталната област и со тоа да ја утврдат својата индивидуална потреба за доквалификација. Освен тоа, таа дава информација за тоа, кои дигитални компетенции мора да им се пренесат на граѓаните од иднината. (…) Секако, треба да се подразбере дека и наставниците мора да се приспособуваат на новите околности во свет кој станува сè подигитален. Сепак, кај повеќето од компетенциите што треба да се стекнат не се работи само за нова методика, туку со тоа се доведува во прашање и самата традиционална слика за наставниците. Не се малку наставниците за кои ова претставува првата пречка што треба да се надмине. Дури откако таа ќе се надмине и ќе постои љубопитност и подготвеност за ново, може да започне процесот на учење. За да се достигне овој стадиум, неопходно е да се биде свесен за фактот дека станува збор за современо образование за следната генерација и иднината на општеството и дека не може да се негира промената на општеството“.

Значи, од наставниците се бара да ги проценат и надградуваат своите дигитални вештини. 
 

ОБЛАСТИ НА КОМПЕТЕНЦИЈА НА DIGCOMPEDU

DigCompEdu разликува три области на компетенција за наставниците во дигиталната област:
- професионална компетенција на наставниците
- педагошка компетенција на наставниците
- компетенциите на учениците.

DigCompEdu Kompetenzrahmen © European Union 2017 Матрицата за самооценување на DigCompEdu од Европската Унија од 2017 е наменета да им овозможи на наставниците да го утврдат своето ниво на компетенција и подобро да разберат во кои области треба да ја надградуваат својата компетенција.  

Digitale Kompetenzen im Überblick/Ausschnitt © European Union 2017

Со цел да се олесни самопроценката, се предлагаат мотивирачки описи на улогите за шесте различни нивоа на компетенција, кои се засноваат на шесте нивоа (A1 / A2 / B1 / B2 / C1 / C2) од Заедничката европска референтна рамка за јазиците (ГЕР):
 
Почетничките и почетниците (А1) досега имаа многу малку контакт со дигиталните медиуми и им треба помош за да се изгради репертоар на дигитални стратегии.
 
Откривачките и откривачите (А2) откриле дигитални медиуми за себе и почнале да ги користат во професионалното опкружување, но без да следат сеопфатен или конзистентен пристап.
 
Инсајдерките и инсајдерите (B1) користат дигитални медиуми во различни контексти и за различни намени. Тие постојано ги развиваат своите дигитални стратегии за да можат подобро да одговорат на различни ситуации.
 
Експертките и експертите (B2) користат најразлични дигитални медиуми компетентно, креативно и критички. Тие постојано го прошируваат својот репертоар на дигитални практики.
 
Лидерките и лидерите (C1) имаат широк репертоар на флексибилни, сеопфатни и ефикасни дигитални стратегии. Тие се извор на инспирација за другите.
 
Пионерките и пионерите (C2) - како експерти од областа - ја доведуваат во прашање соодветноста на вообичаените дигитални и дидактички практики. Тие развиваат нови и иновативни дигитални стратегии за предавање и се пример за другите наставници. 
 

ИНСТРУМЕНТИ ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ

За брзо самооценување, постои автотест, брза DigCompEdu проверка, кој досега е достапен само во постара верзија на германски јазик.
Поактуелна верзија во моментов е во фаза на изработка.

SELFIE - Tool für Schulen © European Union За училиштата и другите институции, неодамна стана достапна алатка, којашто може да ја анализира употребата на дигиталните технологии во наставата и за целите на учење: SELFIE = Self-reflection on Effective Learning by Fostering the use of Innovative Educational Technologies / Самооценување на ефективно учење преку поттикнување на употреба на иновативни образовни технологии.

SELFIE е бесплатна, лесна за употреба и прилагодлива алатка за да им помогне на училиштата да го проценат својот тековен статус на учење во дигиталната ера. SELFIE ги собира – анонимно – мислењата на ученичките и учениците, наставничките и наставниците и училишното раководство за начинот на кој се користат технологиите во нивното училиште.
 

ПОНУДИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК (DAF) НА УЧИЛИШТАТА ВО СТРАНСТВО

Како Гете-институт ги промовира дигиталните компетенции на наставниците по германски јазик во странство? Два примери:
 
DIP IN SOE

DIP in SOE © Goethe-Institut
Проектот потпомагаше во периодот од 2015 до 2017 година медиумски поддржано учење и предавање во училиштата во регионот на Југоисточна Европа (SOE). Под мотото „дигитално-интеркултурно-проектно-ориентиран (DIP)“ во овие три години во земјите Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска, Романија и Србија настанаа центри за компетенции и дообразование, на коишто обучени наставници (DaF – и медиумски мултипликаторки и мултипликатори) ги поддржуваа и обучуваа своите колешки и колеги во областа на мултимедијалната настава. Целта на проектот беше да се воведе модел на медиумски поддржана настава во вкупно 12 пилот-училишта.

 
EDDU

Projekt EDDU Thailand © Goethe-Institut „Успешно дигитално предавање германски јазик“ - проектот EDDU во регионот на Југоисточна Азија (SAN) презентира наставни идеи за тоа како наставниците можат лесно и успешно да користат дигитални медиуми во наставата, во согласност со техничките предуслови во нивните училишта и со сите материјали коишто им се потребни. На EDDU, наставниците можат да најдат конкретни наставни идеи за користење чат-апликации, социјални медиуми, видеа, фотографии и други дигитални алатки за темите застапени во нивните учебници и коишто ги интересираат нивните ученички и ученици.
Projekt EDDU © Goethe-Institut
Подетални информации за EDDU можете да најдете овде.