Goethe-Test PRO: Deutsch für den Beruf

Goethe-Test PRO Deutsch für den Beruf Слика: Colourbox

Сакате ...

  • за Ваш личен развој:  реално да го процените сопственото јазично ниво/ да добиете поттик за дообразба и да најдете соодветен курс/ да работите со германски клиенти
  • како претпријатие:  да ги проверите јазичните познавања на апликантите и вработените/ да го оцените успехот од обуките/ да создадете валидна основа за мерките за дообразба

Испитот Goethe-Test PRO – јасен преглед за само 60 минути!

Сеедно дали за личната професионална кариера или за конкурентноста на целото претпријатие: успехот не доаѓа од приближни проценки. Успехот се базира на доверба. А довербата се стекнува ако се зборува истиот јазик. Значи прашањето гласи: Колку е добар Вашиот германски? Какви се јазичните познавања на Вашите моментални или идни вработени?

Goethe-Test PRO: Германски за професијата Ви дава одговор на овие прашања. Нашиот компјутерски-базиран тест по германски јазик брзо и со сигурност ја испитува компетенцијата Слушање и Читање на работното место.

Индивидуално и издражно

Со модерна технологија Goethe-Test PRO за 60 до 90 минути го утврдува индивидуалното јазично ниво. Сите учесници почнуваат од истото ниво. Во текот на тестот програмот ја одбира секоја задача врз база на претходниот одговор и на тој начин оптимално се адаптира на даденото јазично ниво. Со тоа, не постои можност да се падне на тестот: Резултатот заедно со сертификатот и еден издржан опис на јазичното ниво се приложува веднаш по завршувањето – и Вам ви дава идеална основа за донесување на евентуални одлуки, на пример за понатамошни мерки за обука.

Испитот Goethe-Test PRO е флексибилен во изведувањето: насекаде во светот на еден од нашите испитни центри или директно во Вашето претпријатие. Тестот ги опфаќа методите на реномираниот Business Language Testing Service (BULATS) и се базира на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).

Опцијата „Јава-скрипт“ во вашиот пребарувач е деактивирана. Активирајте ја опцијата за повторно да ги видите курсевите.

*) Курсевите и испитите се слободени од ДДВ согласно член 23 став 1 точка 17б од Законот за данокот на додадена вредност

**) Пониската прикажана цена важи во случај да веќе сте слушале некој курс по германски јазик во Гете-Институт во изминатиот временски период од шест месеци. Шесте месеци притоа се однесуваат на временскиот период помеѓу моментот на завршувањето на јазичниот курс и терминот за полагање на испит по германски јазик. Во овој случај автоматски се менува цената за време на процесот на резервирање. Доколку не се случи тоа, Ве молиме да се обратите во канцеларијата, надлежна за курсот.

Вашиот пат до нас

Сакате јасен текст наместо приближни проценки за Вашата сопствена јазичн компетенција или за онаа на Вашите вработени? Тогаш директно контактирајте со нас! Ќе ви дадеме необврзувачка понуда и ќе ве придружуваме при подготовките и изведувањето на тестот.

Со задоволство ќе ве советуваме при планирањето на соодветните мерки за обука и јазични курсеви за фирми.

Демо верзија

Сега бесплатно добијте увид: 

Контакт

За останати информации и понуди Ве молиме обратете се на:

olivera.stipcarova@skopje.goethe.org