Стандарди за квалитет

Стандарди за квалитет Слика: Goethe-Institut/ Sonja Tobias

Квалитет. Збор што го сфаќаме сериозно

Испитите по странски јазик бараат висока стручност. Гете-институтот со неговото име, неговиот менаџмент на квалитет и долгогодишното искуство гарантира дека тие барања ќе бидат исполнети.

Експерти со искуство во изведувањето на настава и испити ги формулираат испитните задачи. Конечната изведба се одвива во централата во Минхен. Пред да се стават во употреба, испитните материјали се тестираат во испитни услови, а резултатите се анализираат квалитативно и квантитативно. Испитувачите се (до)обучуваат на семинари во и вон централата.

По што можете да го препознаете добриот квалитет:

Праведност

Испитите би требало, колку што е можно, да бидат фер за секого – без оглед на родот, етничката припадност или посебни потреби.

Валидност

На еден јазичен испит би требало да бидат одлучувачки само јазичните способности, а не способноста за концентрација, интелегенцијата и општите познавања.

Релијабилност

Преку вклучувањето на двајца испитувачи во оценувањето на испитот постигнуваме висок степен на релијабилност.

Практичност

Постојано работиме на оптимирање на нашите испити: на времетраењето на тестирањето, на примената на современата технологија како и на општите услови. 

Еднакви критериуми за квалитет:

Како членови-основачи на Association of Language Testers in Europe (ALTE) ние се залагаме за развој и примена на стандардите за квалитет.
 
ALTE ги постави следниве цели:
  • Изденачување на нивоата со цел да се олесни меѓународното признавање на јазичните сертификати во Европа.
  • Изедначување на критериумите за квалитет за сите фази на продукцијата и одвивањето на испитите, т.е. кострукцијата на тестот, изведувањето на испитот, оценувањето и чувањето на податоците.
  • Соработка на заеднички проекти како и размена на искуства и стручно знаење.
Во 2003 ALTE влезе во Европскиот Совет како невладина организација и работи континуирано како советодавно тело за теми како мерење на достигнувањата и сертифицирање. Во 2006 ALTE доби и статус како советодавна институција во Обединетите Нации.