Тројка

Тројка ©Goethe-Institut

Че, 27.02.2020

20:00

Кинотека на Северна Македонија, Скопје

35mm, боја, 119 минути, 2010
 
Режија и сценарио: Том Тиквер.
Улоги: Софи Роис, Себастијан Шипер, Девид Штрисоу, Ангела Винклер, Анедоре Клајст.
 
Нивната врска за дваесет години малку се олади; се чини дека Хана и Симон живеат повеќе од минатото отколку од вербата во заедничка иднина. Потоа се заљубуваат во истиот маж, и ниеден од нив не знае за сексуалните авантури на партнерот. Кога вистината ќе излезе на виделина, триото ќе најде изненадувачко решение.
 
Тројка е сосема провокативен филм, и тоа не само поради проживеаната бисексуалност на Адам Борн, чие име би требало да се сфати сосема дословно.

назад