A1
Кандидатите разбираат и користат познати, секојдневни изрази и сосема едноставни реченици кои се однесуваат на задоволување на конкретни употреби. Може да се претстават самите и да претстават други луѓе, да им поставуваат прашања во врска со нивната личност - на пример каде живеат, какви луѓе познаваат или што поседуваат – а можат и самите да одговорат на такви прашања. Можат да се разберат на едноставен начин, доколку соговорниците зборуваат бавно и јасно и ако се подготвени да им помагаат.
A2
Кандидатите разбираат реченици и често употребувани изрази, можат да давааат информации за себе, семејството, купување, работа и информации за поблиската околина. Може да се разбираат во едноставни, рутински ситуации, каде што има едноставна и директна размена на информации за познати и вообичаени работи. Со едноставни зборови можат да го опишат своето потекло и образование, поблиската околина и работи поврзани со непосредните потреби.