Алатки за онлајн настава
Интерактивно креирање на дигиталната јазична настава: корисни алатки и совети за употреба

Постојат бројни алатки кои поддржуваат успешна онлајн-настава по германски како странски јазик (DaF) / германски како втор јазик (DaZ). Некои се претставени овде - со конкретни примери за нивна примена.

Употребата на платформа за размена меѓу учениците е од суштинско значење.

Платформата за учење Moodle е бесплатна, ракувањето со неа е интуитивно, содржи многубројни функции за помош, а учениците можат да пристапат и преку мобилен телефон. Алтернативно, можете да креирате заеднички блог (на пример, tumblr или WordPress) или страница на Фејсбук (во Кина на пример RenRen).

Како може да изгледа една ваква страница во Moodle?
Пример од еден Moodle курс на авторката Пример од еден Moodle курс на авторката | Скриншот: Марион Граин Предностите се очигледни: учесниците ја имаат потребната фиксна структура. Сите централни соопштенија се видливи за сите учесници. Во заедничкиот чет, учениците можат да разменуваат идеи едни со други, но исто така можат да го контактираат наставникот во секое време. Може да се отворат групни простории за работа во парови или во група. Производите изработени од учесниците (постери, графици, курс-готвачи итн.) се прикажуваат и добиваат фидбек, којшто е толку значаен за учениците. Наместо вообичаениот протоколарен форум, може да се интегрираат форуми за дискусии, форуми за задачи, на пр. со линк. Учесниците можат да поставуваат текстови, но и аудиа и филмови. Дизајнот може да се прилагоди на возраста на учениците.

Moodle има и бесплатен приклучок (plug-in) (големо сино копче) за веб-конференции, така што наставата може да се одржува и во Moodle, додема пак ZOOM е сѐ уште постабилен. 
Čierna obrazovka ožíva, účastníci kurzu sa postupne pripájajú. Скриншот: Марион Граин Од голема помош е да се користат дигиталните учебници на издавачките куќи доколку е можно и да се сподели страницата на која работите на екранот за учениците секогаш да знаат каде се. Ова особено е од помош за учениците кои имаат малку искуство со дигитални медиуми.

Во принцип, се препорачува големина на групата од приближно 12 учесници; сепак, ова често не може да се спроведе. Уште поважно е прецизно да ги испланирате часовите. Колку повеќе учесници, толку е поважно да има и активности надвор од виртуелната училница.

Планирањето зависи и од времето што е на располагање. Не се препорачува онлајн-курс по германски јазик кој трае повеќе од 4-6 часа, бидејќи дури и при интерактивност, распонот на вниманието и рецептивноста се ограничени.

На пример, како може да изгледа 5-часовен онлајн-курс по германски јазик?

Учесниците се најавуваат во виртуелната училница и се поздравуваат, ги поздравува и наставникот. Првите неколку минути може да се искористат за разјаснување на евентуални прашања. Потоа започнува часот во суштина, чиј тек е тесно поврзан со наставните материјали. Современите, дигитални учебници располагаат со аудио текстови за слушање, филмови и задачи што можат да се решаваат во пленум. По околу 40 минути, иако наставата е интерактивно креирана, може да иницирате задачи за работа во парови или мали групи. Тука платформата за учење станува повторно централна: паровите или групите се среќаваат во своите простории и работат на задачи од учебникот или пак работат колаборативно на добро осмислени задачи. Важно е резултатите да бидат поставени на платформата. Ако, на пример, треба да се направи постер, тој може да се постави и подоцна да се „прикаже“ во виртуелната училница (споделување екран). Понатаму наставникот може и треба да даде (подоцна, значи по завршување на наставата) уште еден посебен фидбек за сработените задачи. 

   
10:00-10:10
Поздравување, размена, разјаснување на прашања
Пленум во виртуелната училница
10:10-10:50
Настава базирана на учебникот
Пленум во виртуелната училница; обид да се вклучат сите
10:50-11:15
Работа во парови и групи (од учебник)

Виртуелни мали простории
11:15-11:30
Презентирање на резултатите

Пленум во виртуелната училница
11:30-11:45
ПАУЗА
Стимулација на движење
Наставникот е достапен во виртуелната училница
11:45-12:15
Настава базирана на учебникот
Пленум во виртуелната училница; обид да се вклучат сите
12:15-12:30
Поставување задачи за работа во парови или групи (внатрешно диференцирање)  

Пленум во виртуелната училница
12:30-13:15
Работа во парови и групна работа за повторување, на пример, со дигитални алатки

Виртуелни мали простории
13:15
Средба во пленум; Дискусија за тоа уште колку време им треба на групите

Пленум во виртуелната училница
13:30-14:00
Пауза за ручек
 
14:00-14:15
Наставникот чека во виртуелната просторија, во зависност од тоа уште колку време е потребно и „разговара“ со присутните
 
14:15-15:00
Учениците ги презентираат своите резимеа на материјалот; другите ги испробуваат „активностите“ на другите групи


Пленум во виртуелната училница
15:00 
Резиме и искажување благодарност од страна на наставникот - поздравување
 
Вака би можел да изгледа текот на наставата.

Важно е да направите отстапување од вашиот план ако на учениците им е потребно многу повеќе време за групните активности. Во зависност од традициите на учење, фазата на групна работа може да се уреди поинаку.

АЛАТКИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ФАЗИТЕ ЗА РАБОТА ВО ГРУПИ ВО ИНТЕРАКТИВНАТА ОНЛАЈН-НАСТАВА

Во принцип на интернет се нудат бројни бесплатни алатки погодни за фазите за работа во групи. Во институциите каде учениците немаат пристап до интернет, наставниците треба да размислуваат за други активности.

Тука би сакала да претставам неколку примери на бесплатни алатки, кои може да се активираат.

САМИ КРЕИРАЈТЕ НАСТАВНИ ЛИСТОВИ

Учесниците ја повторуваат содржината на јазичниот курс со концепирање работни листови за другите.
Пример за статијата од авторот, создадено со learningapps (https://learningapps.org/) Скриншот: Марион Граин
Бројните обрасци се исто така особено погодни за работа на граматички теми или работа со вокабулар (на пр. подредување слика со поим).

ПРЕТСТАВУВАЊЕ И СОБИРАЊЕ АСОЦИЈАЦИИ

Создадено со Padlet (https://de.padlet.com/) Скриншот: Марион Граин Во индивидуална работа, учесниците можат, на пример, да се претстават или во групна работа да собираат асоцијации за еден термин или регионални информации.

ПОВТОРУВАЊЕ НА ВОКАБУЛАР СО КРСТОЗБОРИ ИЗРАБОТЕНИ ОД УЧЕСНИЦИТЕ 

Учесниците сами изработуваат крстозбор на тема од лекцијата. Овде е погодна работа во парови.
Изработено со https://www.xwords-generator.de/de Скриншот: Марион Граин Уште две напомени за крај:

Колку учесниците се помалку навлезени во учењето, толку повеќе време им треба да се запознаат со дигиталните алатки. Со поголеми групи, на пример, со деца и младинци во училиштата, издржано е да се ангажираат двајца наставници.

Итно е потребна обука на наставниците, кои ќе мора да научат да ги презентираат алатките. Искуството покажува, дека се препорачува онлајн-обука од 90 минути за секоја алатка.