Вежбање без бариери

Испитните центри на Гете-институт прават напори да им излезат во пресрет на посебните потреби на хендикепираните испитни кандидати. Притоа посебните потреби може да произлегуваат поради оштетен вид или слух како и поради моторички хендикеп.

Како материјали за вежбање тука се ставени на располагање за секое ниво сертифицирани тестови за вежбање без бариери. Овие тестови за вежбање се интерактивни, што значи дека постои моментален пристап кон проверка на одговорите. Инаку, тренинг-материјалите за испит може да се користи на секој мобилен телефон со интернет пристап.