Дополнителни информации
Назад до Goethe-Zertifikat B2
Модулите- дел по дел
Goethe-Zertifikat B2 се состои од модулите: читање, слушање, пишување и зборување (устен испит во парови).
Испитот, во избраните центри за полагање е достапен во дигитална и во хартиена форма. Испитот насекаде се спроведува според истите стандарди и според нив се прегледува.
Читање
Можете да читате разновидни текстови, како текстови од форуми, статии од весници и списанија, коментари и написи. Можете да разберете главни информации, важни детали, како и мислења и правила.
Времетраење: 65 минути
Пишување
Можете писмено да го искажете и поддржите Вашето мислење во статија за одредена актуелна општествена тема. Освен тоа пишувате и формални пораки со стручна содржина.
Времетраење: 75 минути
Слушање
Можете да слушате интерјвјуа, презентации, разговори и изнесување на ставови од секојдневниот живот и на радио. Можете да разберет важни искази и детали.
Времетраење: 40 минути
Зборување
Можете да одржите краток говор за претходно дадена тема и да зборувате со Вашиот/а соговорничка/ соговорник на темата. Притоа можете да разменувате аргументи за време на дискусија.
Времетраење: 15 минути
Предуслови
Goethe-Zertifikat B2 е испит за познавање на германски јазик за младинци и возрасни.Испитите на Гете-институтот стојат на располагање на секој заинтересиран и можат независно од достигнување најмала возраст и независно од поседување германско државјанство.
- За Goethe-Zertifikat B2 за младинци се препорачува возраст над 15 години
- За Goethe-Zertifikat B2 за возрасни се препорачува возраст над 16 години
- Полагањето на Goethe-Zertifikat B2 предвидува јазични познавања на ниво Б2 на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).
- За да се достигне ова потребни се од 600 до 800 наставни часа од 45 минути (во зависност од предзнаењата и условите за учење).