Дополнителни информации

Назад до Goethe-Zertifikat C2: GDS

Вие стапувате на сцена! Модулите

Испитот Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom се состои од модулите: Читање, Слушање, Пишување и Зборување (устен поединечен испит). Испитот се спроведува и оценува подеднакво насекаде во светот.

Задачите поврзани со литература од модулот Пишување се развиени во соработка со Лудвиг Максимилијан Универзитетот Минхен.

Четирите модули може да се полагаат одделно или комбинирано. Поединечните сертификати за четирите модули соодветствуваат со еден збирен сертификат.
Модулите Читање, Слушање и Зборување се оценуваат во испитниот центар. Оценувањето на модулот Пишување се координира од страна на централата на Гете-институт..
 

Доколку при полагањето на испитот во 2019 во модулот Пишување дел 2 не сакате да обработите една од двете општи тему, туку една од двете теми поврзани со литература, морате претходно да имате разработено (најмалку) еден од насловите дадени за 2019 од страна на Лудвиг Максимилијан Универзитетот Минхен. На испитот бирате една од четирите понудени теми.

Литература 2019 за Goethe-Zertifikat C2: GDS

Brigitte Kronauer
Das Taschentuch
Roman
dtv Verlag
ISBN 978-3-423-12888-9
€ 10,00 (D)

Robert Seethaler
Der Trafikant
Roman
Kein & Aber Verlag
ISBN 978-3-036-95909-2
€ 12,00 (D)
Доколку при полагањето на испитот во 2020 во модулот Пишување дел 2 не сакате да обработите една од двете општи тему, туку една од двете теми поврзани со литература, морате претходно да имате разработено (најмалку) еден од насловите дадени за 2020 од страна на Лудвиг Максимилијан Универзитетот Минхен. На испитот бирате една од четирите понудени теми.

Литература 2020 за Goethe-Zertifikat C2: GDS

Hanns-Josef Ortheil
Die Berlinreise
Roman
btb Verlag
ISBN 978-3-442-74997-3
€ 10,00 (D)

Urs Widmer
Das Buch des Vaters
Roman
Diogenes Verlag
ISBN 978-3-257-23470-1
€ 10,90 (D)
 

Читање

Читате текстови од стручна литература, коментари, репортажи и огласи и за секој текст решавате различни задачи. Текстовите можете да ги разберете без проблем, дури и ако тие се апстрактни или содржински и јазично комплексни и истовремено содржат имплицитно значење.

Времетраење: 80 минути

Пишување

Преформулирате краток реферат во делови и пишувате текст на некоја општа или литературна тема, кој е добро структуиран и стилски соодветен во форма на писмо од читател или рецензија на книга. На избор Ви стојат две општи теми и по една тема за двете книги од листата на литературни дела. Обработувате една од четирите можни теми.

Времетраење: 80 минути

Слушање

Слушате извештаи и репортажи од медиуми, неформални разговори како и интервјуа со експерти со нормално темпо на зборување и решавате различни задачи во врска со нив.

Времетраење: околу 35 минути

Зборување

Држите говор на некоја покомплексна тема, на пр. глобализација, при што на поставено прашање детално ја објаснувате Вашата аргументација. Дискутирате во разговор за и против на уште една друга тема, при што го застапувате Вашето мислење, реагирате на против аргументи и се обидувате да ги убедите Вашиот партнер или партнерка.

Времетраење: околу 15 минути

Предуслови

Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom претставува испит по германски јазик за возрасни.
 
Испитите на Гете-институт им стојат на располагање на сите заинтересирани и може да се полагаат независно од достигнувањето на најмала возраст и независно од поседувањето на германско државјанство.
  • За Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom се препорачува возраст над 18 години.
  • Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom предвидува јазични познавања на шестото, највисоко ниво од скалата на компетенции (Ц2) на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).
  • За да се постигне ова ниво, потребни се најмалку 1.000 наставни часа од 45 минути (во зависност од предзнаењата и условите за учење).