Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1) Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Есеј & Видео натпревар за млади

Стани добитник на курс по германски јазик во Минхен!

  GEWINNE EINEN DEUTSCHKURS IN MÜNCHEN!


Победници се::

Ева Кузеска
Филип Темелкоски
Јована Бабиќ
Леона Лозановска
Моника Лазаревска
Марија Стојчевска
Никола Мишоски

Честитки!



Се интересираш за Германија, за германскиот јазик и култура? Германски јазик е еден од твоите омилени училишни предмети? Тогаш учествувај на нашиот Есеј & Видео натпревар и освој тринеделен јазичен престој на Гете-институтот во Минхен!


Што треба да сториш во врска со тоа?

Сними кратко видео со следнава задача:
“Претстави се кратко и раскажи ни за твојот животен сон”.

и напиши есеј на оваа тема:
“Што можат да научат Германците за твојата земја и обратно?”

Есејот и видеото треба да бидат на германски јазик. Есејот треба да содржи најмногу една страна. Видеото треба да биде долго од 90 до 180 секунди. Биди креативен/на и образложи ни зошто си ти вистинската личност за оваа стипендија. Со пријавата приложи и копија од актуелен документ за идентификација.

Достави ги сите овие три работи најдоцна до среда, 08.02.2023 на bkd-skopje@goethe.de.

Жирито ќе ги одбере најдобрите прилози. Добитниците ќе бидат известени по мејл најдоцна до 15 март 2023.