Како дел од КРИК-фестивалот на 07.12.2018 ќе се одржи Фрајраум-вечер (Freiraum) во Музејот на современа уметност.
Проектот инициран од Гете-институт ја истражува темата на слободата и како поимот за слободата е под влијание на перцепциите обусловени од местоположбата на луѓето во цела Европа. Со Фрајраум-проектот (Freiraum) Гете-институт има за цел свесно да им пристапи на нови целни групи: млади луѓе со мигрантско потекло кои често се маргинализирани и оние кои се критички или во најмала рака скептично настроени кон
денешната Европа, но се уште отворени за разговор.
На вечерта посветена на проектот Фрајраум (Freiraum), Генералниот секретар на Гете-институтот Јоханес Еберт ќе одржи кратко предавање, по што ќе следи дискусија со Елена Велјановка од Контрапункт и Сигне Софи Богилд од Фестивалот за архитектура во Копенхаген.
Истата вечер ќе се одржат и филмските проекции на филмовите за проектот Фрајраум (Freiraum) на тандемот Скопје-Копенхаген.
Краткиот уметнички филм „Номадски идентитети“ на Контапункт тимот истражува повеќе теми важни за денешната перцепција на поимот слобода.
„Промена на идеалите, ре-креирање на слободните простори" гласи името на филмот на тимот од Фестивалот за архитектура во Копенхаген. Овој филм се занимава со поимот слобода, но и со демократијата и идентитето во дизајнот и употребата на јавниот простор.
Програмата за Фрајраум-вечер (Freiraum) ќе ја најдете тука:
Програма за Freiraum-вечерта
назад