На иста висина

Auf Augenhöhe © Filmfestival Schlingel / Filmproduktion

Че, 30.01.2020

20:00

Кинотека на Северна Македонија, Скопје

Режија: Ефи Голдбрунер, Јоахим Долхопф, боја, 99 мин., 2015/16

Михи не е многу среќен во домот за деца без родители, каде е сместен по смртта на неговата мајка; за остатокот од семејството нема поим. Кога десетгодишникот наоѓа писмо од неговата мајка за неговиот наводен татко, добива нова надеж. Тој го бара и го наоѓа, но мажот воопшто не одговара на сликата која момчето си ја створило за својот татко. Том, од друга страна, кој нема поим дека има син, е со џуџест раст. Тоа не ги одминува ниту другите деца од домот; Михи станува цел на нивниот потсмев. Тоа ја загрозува неговата врска со Том; згора на тоа, вработена во службата за заштита на млади бара да се направи тест за докажување на татковство. 

назад