Париз, Тексас

По, 26.02.2018

20:00

Кинотека на Северна Македонија, Скопје

1984, 147 минути, Германија, Франција
Режија: Вим Вендерс
Сценарио:Л.М.Кит Карсон, Сем Шепард
Музика: Ру Кодер
Улоги: Хари Дин Статон, Настасија Кински, Дин Стоквел, Аурора Клемент, Хантер Карсон

Парис, Тексас е веројатно најпознатиот, најуспешниот филм на Вим Вендерс, признат од критиката, којшто освоил бројни меѓународни награди, меѓу кои и наградата за најдобрар филм на Канскиот филмски фестивал, Златна Палма, во 1984 година.

Овој необичен патувачки филм со сценарио од реномираниот драмски автор Сем Шепард, ја раскажува приказната за Тревис, човек изгубен во својот сопствен пекол. Откако четири години го сметале за мртов, тој одеднаш се појавува на мексиканската граница и тоа со изгубено помнење. Тој го посетува својот брат Волт, којшто се грижи за неговиот седум годишен син Хантер, откако претходно поранешната сопруга на Тревис му го оставила нему да се грижи за него. Речиси како странци двајцата постепено се спријателуваат и одат заедно во потрага по Џејн, за повторно да ја вратат во семејството.

Покрај импресивната актерска изведба на Хари Дин Стентон како Тревис и Настасја Кински како Џејн филмот се прослави и со песната на Рај Кудер, каде што со меланхоличен призвук се опева бледиот пејсаж облеан од сонцето.
 

назад