Детски фестивал за слика и филм 2018

BUFF 2018 ©Goethe-Institut Skopje

По, 23.04.2018 -
Са, 28.04.2018

12:00

Кинотека на Северна Македонија, Скопје

Седумката е број со посебно значење скоро во сите култури. Имено, тој е среќен број. За нас, бројот седум оваа година, исто така, има посебно значење зашто во април, во Кинотека на Македонија, по седми пат ќе се отворат вратите за Детскиот фестивал за слика и филм (БУФ). 

Филмскиот фестивал ќе се одржи од 23. до 28. април 2018 во Кинотека на Македонија и на него повторно ќе се прикажува висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади.Сите филмови од филмската програма ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик. 

Во прилог Ви го доставуваме нашиот каталог со детални податоци за сите филмски проекции.

БУФ 2018

назад