Концерт Концерт на Германската Рајнска филхармонија во Тетово

Концерт на Германската Рајнска филхармонија во Тетово © Colourbox

По, 22.10.2018

19:30

Центар за култура

Германската Рајнска филхармонија со поддршка од Гете-институт Скопје и културното друштво „Алегрето„ организира овој месец два концерта. Оркестарот во Скопје и Тетово ќе настапи во рамки на фестивалот „Сцена на класична албанска музика„. Германската Рајнска филхармонија претставува првиот германски оркестар што ќе настапи во рамките на овој фестивал.


На концертите ќе настапат и 12 млади музичари од Македонија. Во програмата на коценртот се вклучени, како германски композитори, како Јоханес Брамс, така и македонски композитори како Фатош Лумани. Концертите се под диригентската палка на Десар Сулејмани, шеф-диригент и пијанист.
Програмот на концертите изгледа вака:

Romantic Lightspots

Јоханес Брамс (1833 - 1897)
Symphony Nr. 3 in F major, Op. 90 (1883)
- Allegro con brio
- Andante
- Poco allegretto
- Allegro

Фатош Лумани (*1983)
Концерт- Рапсодија за виолина, пијано и жичен оркестар
Бригита Винен, виолина, Десар Сулејмани, пијано


Џорџ Гершвин (1898 - 1937)
Рапсодија во сино
 


 

назад