Филмска вечер: Големиот сон

Филмска вечер: Големиот сон © Beta Cinema © Марија Крумвиде

Че, 14.02.2019

20:00

Кинотека на Северна Македонија, Скопје

Режија: Себастијан Гроблер,во боја, 113 минути, 2011

Се пишува за 1874 година. Фудбалот во тоа време во Германија е сè уште непознат, а образовните методи во уште младата германска империја се авторитарни, речиси воени. Еден млад учител ја започнува својата служба на Мартино-Катаринеум во Брауншвајг. Конрад Кох (кого го игра Даниел Брил) треба веднаш по неговите студии во Оксфорд да предава англиски јазик, како еден од првите професори што некогаш биле во предавале англиски на германска гимназија. Прво, тој ги заинтересирува момчињата во училиштето, затоа што сака да го доближи новиот јазик до децата, но не со груби казни, туку преку забавно учење. Но, тоа му успева само затоа што донел топка од островот како додаток на граматиката.

Во салата се додаваат кон правилата за игра соодветни  англиски зборови, како што се лево, десно, движи се, пука или гол . Се чини дека е речиси револуционерно тоа што не работи само за техничките изрази на модерен странски јазик, како и фактот дека тука на младите луѓе не се образоваат со физички вежби за цврст став, туку преку игра трчајќи по топка.
 

назад