Крик 04- Фестивал за критичка култура

KRIK 2019 @Kontrapunkt

Вт, 18.06.2019 -
Са, 22.06.2019

19:30

Чифте Амам

Оваа година „КРИК - фестивал за критичка култура“ ќе се одвива како процес низ неколку етапи во годината. Особено ни е важно прераснувањето во платформа и форум за критичка култура, низ која ќе бидат во постојан разговор и конфронтација сите можни алтернативи на промислување на општеството, политичкото, културата, низ агонот со нормираното, зададеното и воспоставеното.
КРИК 04, со темата „Човек без својства – политики на маргините“ ќе биде посветен на разговор, критичко промислување и анализа на политичкиот, економскиот и, пред сѐ уметничкиот синдром кој го живееме, а тоа е синдромот на човекот без својства кој е во постојана залудна потрага по изгубеното време.

ПРОГРАМА

18 Јуни, во Котур
19:30 - КРИТИЧКО ЧИТАЊЕ НИЗ ФИЛМОВИ
(Селекција на Петар Милат)
Ich war zuhause, aber (Јас бев дома, но) [2019]
Режија: Ангела Шанилек

19 Јуни, во Чифте Амам
19:00 – 20:30
Нејтан Браун, Канада: „Празнината, темнината и соголеноста: засновани врз детерминантите во Цвеќињата на злото“ - предавање
20:30 – 21:30
Арон Шустер, Холандија: „Театарот на мртвите на Жене“ – предавање

20 Јуни, во Чифте Амам
16:30 – 18:30
Нејтан Браун, Канада: „Естетичко образование наназад: политички ќорсокаци на сегашноста“ - семинар
20:00 – 21:00
Артан Садику, Македонија: „Илјада маргини“ - предавање

21 Јуни, во Котур
19:30 - КРИТИЧКО ЧИТАЊЕ НИЗ ФИЛМОВИ
Segunda Vez (Втор пат) [2018]
Режија: Дора Гарсија

22 Јуни, во Чифте Амам
19:30 – 20:00
Лина Гонан, Хрватска: „Геј нормалност и анти-инклузивистичка квир мисла“ - предавање
20:00 – 21:00
Станимир Панајотов, Бугарија: „Резервна армија на смртта“ - предавање

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија, Фондацијата Култура нова од Хрватска и Креативна Европа 2014 - 2020, Град Скопје.
 

назад