Концептуално усно изразување во пишаните текстови
WhatsApp-пораки во наставата?

Texte in YouTube und WhatsApp enthalten besondere sprachliche Phänomene.
Foto (Ausschnitt): Wayhome Studio © Adobe Stock

Наставата по германски јазик како втор странски јазик треба да ги оспособи учениците да комуницираат на германски јазик во различни ситуации. Но, што значи тоа во време на YouTube и WhatsApp? Дали треба лингвистичките феномени на овие медиуми да се истражуваат во наставата по германски како странски јазик или тие веќе се интегрирани во учебниците или дури и во испитите?

 

Луѓето, во зависност од поединечната ситуација или од соговорникот, меѓусебно комуницираат на многу различни начини: Ако сакам да прашам како се чувствува некоја личност, тогаш на сосема различен начин ќе го прашам мојот претпоставен на почетокот на состанокот отколку што ќе го прашам мојот пријател во текстуална порака преку смартфон. Овие различни регистри може да се диференцираат според категоризација (види Кох и Естерајхер, 1985) врз основа на обележјата на концепт и медиум.За двете обележја, Кох и Естерајхер ги разликуваат формите на усно изразување и писмено изразување. Додека пораката се пренесува или преку медиум усно (фонетски, како разговор) или преку медиум во писмена форма (графички, како пишана порака), разликата во однос на концепцијата е постепена: секој исказ може да биде припишан повеќе на една или на друга насока на скалата помеѓу концептуално усно и концептуално писмено изразување.ж
Во овој контекст, концептуалното пишување означува употреба на јазик кој се заснова на стандардниот јазик. Се карактеризира со граматички комплетни, но исто така и сложени реченици. Бидејќи примателот не е присутен и најчесто е непознат за време на ситуацијата кога се испраќа пораката, концептуалното пишување се нарекува и јазик на далечината. Спротивно на тоа, концептуалното усно изразување одговара на јазик на непосредност, тоа се јавува спонтано и мора да се одвива без временско планирање. Партнерите во комуникација се во иста ситуација на исто место и споделуваат определено знаење.

YOUTUBE-КОМЕНТАРИ И WHATSAPP-ПОРАКИ

Особено во неформални, спонтани и приватни контексти, луѓето често комуницираат преку дигитални медиуми со пишани текстови, кои концептуално повеќе се усно реализирани. Притоа може да се заклучи дека колку е поспонтана пораката и/или колку е поблизок комуникацискиот партнер, толку повеќе се зголемува степенот на концептуално усно изразување.
Темата на разговор, исто така, може да ги наведе луѓето да користат дијалектни форми, сленгови или разговорни изрази, кои исто така припаѓаат на конвенционалното усно изразување. Пример за пишани текстови кои содржат многубројни елементи на концептуално усно изразување се коментари на видеата на YouTube или приватните WhatsApp-пораки.
Друга особеност на концептуалните усни текстови во дигиталните медиуми е тоа што партнерите користат конвенционализирани симболи за да ги изразат паравербалните елементи на разговорот, како што е акцентот и емоциите на соговорниците: на пример, зборовите се пишуваат целосно со големи букви за да се нагласат – ова исто така се означува и со поимот „вреска“. Емоциите можат да се изразат преку емотикони, сликовити претстави на изрази на лицето со помош на интерпункициски знаци или емоџи.

КОНЦЕПТУАЛНО УСНО ИЗРАЗУВАЊЕ ВО НАСТАВАТА

Дигиталните текстови како мејлови или SMS-пораки во меѓувреме, исто така, го најдоа својот пат во наставата по германски како странски јазик: дури и во стандардизирани испитувања, како што е Гете-сертификатот, учесниците треба да се справат со дигитални текстови, како што се записите во гостинските книги на веб-страни или електронска пошта.

Пример за дигиталните текстови на испит Пример за дигиталните текстови на испит | Гете-сертификат Ц1 модел-тест, дел пишување
Овие дигитални текстови се дизајнирани во концептуално писмена форма. Во случајот со имејловите, само првите две реченици може да се сметаат за концептуално усни форми поради скратувањето и непосредноста на исказот. Другите реченици се повеќе концептуално во писмена форма. Ова е, исто така, јасно и за електронските пораки, особено оние во професионален контекст, кои се јавуваат во учебниците и испитите.

Текстуалните пораки и спонтаните електронски пораки до приватни контакти, по правило, се карактеризираат со поголема концептуална вербалност. Овде се поставува прашањето: како да се справуваме со овие текстови во наставата по германски јазик?

ВИСОКА РЕЛЕВАНТНОСТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОБЛАСТА НА ЦЕЛНИОТ ЈАЗИК

Колку релевантно ќе биде справувањето со концептуално усните (и медиумски пишаните) текстови зависи од групата ученици. Учениците чија цел е да разбираат академски текстови на германски јазик едвај ќе дојдaт во контакт со концептуално усните текстови. Меѓутоа, овие текстови се исклучително релевантни за учениците кои престојуваат во места во кои се зборува целниот јазик. Како и да е, на часовите по странски јазик во странство вреди да се работи со писмени текстови кои се концептуално усни: од една страна, учениците преку интернет наидуваат на такви текстови без разлика колку далеку живеат, а од друга страна, пак, тоа е добар начин да се научи за јазичните особености и различните употреби.
Учениците, анализирајќи ги концептуалните усни текстови, сами можат да откријат граматички структури кои отстапуваат од конвенциите на пишаниот јазик. Притоа, не е толку важно да се оспособат учениците за активно концептуално вербално изразување, туку поважно е тие прво да се сензибилизираат за различната употреба, и како второ, да им се овозможи да учествуваат, барем писмено, во автентичната комуникација во концептуално устен контекст, како на пример, на интернет.

СОДРЖИНСКИ И ПРАГМАТИЧНИ АСПЕКТИ

При селектирањето писмени текстови кои се концептуално усни, авторите на учебниците треба да одлучат до кој степен текстовите треба да се реализираат концептуално усно. Во применувањето текстови, исто така, релевантна е позицијата на задачите: Дали текстот ќе биде и содржински и прагматично („Што е изразено во овие текстови“ и „Со кого може да се размени мислење и став?") тематизиран или ќе биде фокусиран само на лингвистички карактеристики на концептуалната усна употреба на јазикот? Во учебникот „DaF kompakt neu B1“ е одлучено за последното, така што е конструиран дијалог од текстуални пораки, кои се концептуално прилично вербални. Извик (Па), елипси (Не знам, ќе размислам!), изразување чувства преку смајли и „врескање“. Зборовите:  нешто, некаде, некогаш - се користат тука како средства за концептуално устен говор. Последниот е намерно конструиран како додаток на т.н. „граматичка дигресија“ (всушност, тоа е морфологија) за да го следи овој феномен.

Пример за дискусија за концептуалната оралност. Пример за дискусија за концептуалната оралност. | Даф компакт нов Б1, стр.36 Со цел да се стане свесен за разликата помеѓу концептуално писмените и концептуално усните текстови, ваква анализа како што е прикажана на илустрацијата може да биде доста корисна. Сепак, наставниците, исто така, треба да ги земат предвид содржините и прагматичните аспекти на концептуалните вербални текстови во наставата, така што учениците ќе разберат кога е соодветно таквото користење на јазикот.