Дополнителни информации

Назад до Goethe-Zertifikat C1

Дел по дел: модулите

Goethe-Zertifikat C1 се состои од модулите читање, слушање, пишување и зборување (устен испит во парови).

Испитот се понудува на избраните испитни центри во дигитален формат и формат базиран на хартија. Тој сегде во светот се спроведува и се оценува според унифицирани стандарди.
 

Читање

Читате различни текстови како на пр. (онлајн-) статии и статии во весници и списанија. Можете да разберете главни изјави, поединечни формулации и гледишта.

Времетраење: 65 минути

Пишување

Го изразувате и го образложувате писмено Вашето мислење во објава на форум на актуелна општествена тема и пишувате формална порака. Го менувате тонот, стилот и регистарот, така што тие да одговараат на соодветниот повод, односно на соодветниот адресант.

Времетраење: 75 минути

Слушање

Слушате подкаст, интервју, дискусија и излагање. Можете да разберете изјави, поединечни формулации и мислења на различни теми.

Времетраење: 40 минути

Зборување

Држите краток говор на одредена комплексна тема и зборувате со Вашиот соговорник/соговорничка за тоа. Освен тоа дискутирате по двајца на некоја контроверзна тема.

Времетраење: 20 минути

Предуслови

Goethe-Zertifikat C1е испит по германски јазик за возрасни.

Испитите на Гете-институтот се достапни за сите заинтересирани и можат да се полагаат без разлика дали тие имаат достигнато минимална возраст или имаат германско државјанство.
  • За Goethe-Zertifikat C1 се препорачува возраст од 16 години.
  • За полагањето на Goethe-Zertifikats C1 потребни се јазични вештини на ниво на компетентност Ц1 од ​​​​​​​ Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).
  • Искуството покажува дека за да го достигнете ова ниво ќе ви требаат 800 до 1000 наставни единици од по 45 минути, во зависност од вашите претходни знаења и предуслови за учење.