Goethe-Zertifikat C1

Goethe-Zertifikat C1 modular © Goethe-Institut

Сакате ...

  • да се подготвите за студирање во Германија,
  • да го докажете Вашето напредно познавање на германскиот јазик за потребите за работа,
  • да се подготвите за работа во областа на медицината во Германија,
  • да го докажете Вашиот постигнат успех на нивото Ц1,
  • да добиете официјален и меѓународно признат серификат?

Goethe-Zertifikat C1 е испит по германски јазик за возрасни. Потврдува многу напредно јазично ниво и соодветствува со петтото ниво (Ц1) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.

Со полагањето на испитот Вие покажувате, дека...

  • можете ефективно и флексибилно да го употребувате германскиот јазик во јавниот, академскиот и професионалниот живот.
  • разбирате спектар од посложени и подолги текстови на непознати теми и дека исто така можете да разберете имплицитни значења,
  • можете да пишувате јасно структурирани и опширни текстови на комплексни теми, 
  • можете спонтано и течно да се изразите и уверително да заземете позиција.
Ве молиме, пред почетокот на студиите информирајте се на Вашиот универзитет или на соодветниот подготвителен колеџ за можноста за ослободување на студенти од странство од дополнителен јазичен приемен испит врз основа на Goethe‑Zertifikat C1.
 

Опцијата „Јава-скрипт“ во вашиот пребарувач е деактивирана. Активирајте ја опцијата за повторно да ги видите курсевите.

*) Курсевите и испитите се слободени од ДДВ согласно член 23 став 1 точка 17б од Законот за данокот на додадена вредност

**) Пониската прикажана цена важи во случај да веќе сте слушале некој курс по германски јазик во Гете-Институт во изминатиот временски период од шест месеци. Шесте месеци притоа се однесуваат на временскиот период помеѓу моментот на завршувањето на јазичниот курс и терминот за полагање на испит по германски јазик. Во овој случај автоматски се менува цената за време на процесот на резервирање. Доколку не се случи тоа, Ве молиме да се обратите во канцеларијата, надлежна за курсот.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТ

Кандидатите може да го подигнат сертификатот лично со пасош или со полномошно заверено на нотар.

Ergebnisse C1 01.03.2024 // Подигнување на сертификати на 04.03.2024 од 09:00-10:00 часот

Подготовка

Материјали за вежбање

Овде ќе најдете модел-тестови и комплети вежби за вежбање онлајн, исто така и за вежбање без бариери и интерактивно.

Дополнителни информации

Предусловите, содржината на испитот и дополнителни информации за Goethe-Zertifikat C1 може да се најдат овде: