Дополнителни информации

Назад до Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1

Како за добар почеток: деловите на испитот

Испитот Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 се состои од деловите: читање, слушање, пишување и зборување (устен испит во група).
Испитот се спроведува и оценува подеднакво насекаде во светот.
 

Читање

Читаш, на пример, куси забелешки, кратки огласи, описи на лица, едноставни писма од читатели или кратки текстови од весник и одговараш на задачи поврзани со нив.

Времетраење: 20 минути

Пишување

Пишуваш одговор на е-маил, на писмо, на оглас и сл.

Времетраење: 20 минути

Слушање

Слушаш куси разговори од секојдневието, приватни телефонски пораки, информации на радио и сл. и одговараш на задачи поврзани со нив.

Времетраење: околу 20 минути

Зборување

Се претставуваш, поставуваш прашања на теми од секојдневието и одговараш на едноставни прашања. Освен тоа, формулираш молби и реагираш на молбите на твојот соговорник/соговорничка во за тебе познати ситуации.

Времетраење: 15 минути

Предуслови

Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 претставува испит по германски јазик за деца и млади на возраст од 10 до 16 години.
 
Испитите на Гете-институт им стојат на располагање на сите заинтересирани и може да се полагаат независно од достигнувањето на најмала возраст и независно од поседувањето на германско државјанство.
  • За Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 се препорачува возраст над 10 години.
  • Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 предвидува јазични познавања на првото ниво од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).
  • За да се постигне ова ниво, потребни се од 80 до 200 наставни часа од 45 минути (во зависност од предзнаењата и условите за учење).