Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1) Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Обуки во Германија

Обуки во Германија Слика: Goethe-Institute in Deutschland

Заинтересирани сте за доквалификација во Гете-Институт во Германија?

Гете-Институт нуди:
  • Обуки за методика и дидактика за наставници од примарно и секундарно образование и од образование на возрасни, за медиумска дидактика и за проширување на вештините за обучувачи (Train the Trainer) и
  • Јазично усовршување, односно јазични курсеви наменети за наставници по германски јазик во примарно и секундарно образование, како и образование на возрасни. 
Може да учествуваат:
  • Стипендисти на Гете-Институт: И оваа година Гете-институт обезбедува стипендии за стручно усовршување за наставници по германски јазик од Северна Македонија за учество на разни курсеви за доквалификација во Германија. 
  • Поединци кои сами ги покриваат трошоците: Учесници кои сами ги покриваат трошоците за семинарот, престојот и транспортот
Das Portfolio 2024

Конкурирање за стипендија на Гете-институт Скопје 
Гете-институт Скопје на наставниците по германски јазик од Северна Македонија секоја година им нуди богата стипендиска програма во Германија. Во рамките на овие програми постојат многу можности практично да се користи германскиот јазик, да се доживее културата и да се вооспостават нови контакти во меѓународен круг на учесници.

Предуслови за конкурирање
  • Вие сте наставник по германски јазик, предавате предмет на гермаснки јазик или обучувате наставници по гермаснки јазик.
  • Во следните години ќе бидете активни како наставник или обучувач.
  • Подготвени сте со своите колеги од Македонија да ги споделите знаењата кои ќе ги стекнете на семинарот или на кусрот по гермаснки јазик за наставници.
  • Располагате со неопходните познавања на гермаснки јазик соодветни за типот на усовршување кој го посакувате.
  • Подготвени сте да учествувате на целата обука вклучувајќи ја и културната програма.
  • Сигурни сте дека временски ќе бидете на располагање за сите обуки кои сте ги навеле.
  • Информирани сте и согласни со фактот дека по правило не е можно да се дава приоритет на Вашите три желби за усовршување.
  • Информирани сте дека не е препорачливо да носите членови од фамилијата или пријатели, бидејќи се доведува во прашање Вашата целокупна енергија на обуката.
  • Информирани сте дека не е препорачливо учество за време на бременост за да се исклучи ризикот од компликации кои не подлежат на осигурување
  • Информирани сте дека не е дозволено да носите домашни миленици.
Дополнително за Blended-Learning формат (BL)
  • Имате солидни познавања од компјутери и интернет и редовно располагате со брз интернет дома или на работното место.
  • Подготвени сте да учетвувате во целост на онлајн-фазите.
Постапка за конкурирање
Ве молиме точно следете го редоследот на постапката:
1. Пред да го пополните формуларот најпрво зачувајте го на Вашиот компјутер.
2. Потоа целосно пополнете го.
3. Откако целосно ќе го пополните формуларот, треба повторно да го сочувате на Вашиот компјутер.
4. Прилагодете го името на документот по следниов модел: Земја_Презиме_Име.pdf
5. Пратете го пополнетиот формулар најдоцна до 15.10.2023 на следнава мејл адреса: bkd-skopje@goethe.de



 

Контакт

Гордана Бабоска
Референт за образовна соработка и PASCH
Тел. +389 2 3121 604 / 23
Факс +389 2 3121 604
gordana.baboska@goethe.de
Goethe-Institut
Kundenmanagement
fortbildung-deutschland@goethe.de