Изложба Past is Now – Минатото е сега

Покана за отворање на изложбата: Past is now (Минатото е сега) © Goethe

Ср, 15.02.2017 -
Ср, 01.03.2017

Културно-информативен центар, Скопје

Покана за отворање на изложбата: Past is now (Минатото е сега)

Во секое Денес се чувствува Вчера – како идеал или влијание кое одредува, како магливо сеќавање, повторување и нова дефиниција на она што било.

Заедно со партнерскиот регион на поранешна Југославија, Фотодокс ја осветлува состојбата Статус кво и потенцијалот на Вчера во Денес. Документарните позиции на изложбата на разновидни начини ја анализираат темата „Минатото е Сега“: тие работат со постојни архиви или создаваат нови, тргнуваат на историска потрага и рефлектираат културни стереотипи и музички митови; гледаат 25 години назад кон германското повторно обединување или кон Дејтонскиот мировен договор пред 20 години, со кој се стави крај на војната во Босна и Херцеговина.

Тие поставуваат критички прашања за ветувањето на Европа и, како и секогаш кај Фотодокс, во нивните дела се објаснува улогата на документарната фотографија и на медиумите - притоа тие не се стеснуваат документарните антени да ги рашират во областите видео и сликарство, како и да ги стават на дискусија актуелните тенденции како поимот „постдокументарно“.   

Уметници

Јака Бабник (*1979, SLO)
Роман Безјак (*1962, SLO/DE)
Михаел Везели (*1963, DE)
Зијах Гафиќ (*1980, BiH)
Јерг Глешер  (*1966, DE)
Тања Кернвајс (*1981, DE)
Колаборационен проект / Collaboration-project
Борут Крајнц (*1964, SLO)
Саша Краљ (*1965, HR)
Том Лихт (*1972, DE/CH)
Владимир Миладиновиќ (*1981, RS)
Ане Моргенштерн (*1976, DE/CH)
Мерлин Наѓ- Торма (*1979, DE/RS)
Драган Петровиќ (*1958, RS)
Хрвоје Словенц (*1976, HR/USA)
Јосип Броз Тито (1892-1980)
Ибро Хасановиќ (*1981, BiH/KO)
Катја Штуке и Оливер Зибер (DE)
 

Иницијатива и концепт на изложбата Past is Now:
Фотодокс Минхен
Организација на турнејата во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора

Реализација на изложбата во Македонија:
Гете-институт Скопје
Културно Информативен Центар-Скопје

GI Mazedonien und KIC © GI Mazedonien und KIC

 

назад