Театарска претстава: Неподносливиот бескрај

Театарска претстава: Неподносливиот бескрај  © Wolfgang Rappel

Не, 23.09.2018

22:00

МКЦ- Младински културен центар

Летото 2017 година, театарскиот и филмски режисер Франц фон Стролхен патува низ регионот на поранешната “Балканска рута” за бегалци- рута од Грција, низ Македонија, Србија, Унгарија се до Виена и ја набљудува како рутата, така и ситуацијата од една поинаква перспектива.
За време на т.н. „река од бегалци" режисерот Франц фон Стролхен заедно со филмската екипра развива сценарио за фиктивен филм, чие дејство се одвива на пат во кој три млади жени патуваат низ опустошената и напуштена Европа.

Сценариото ги испреплетува реалноста и фикцијата и претставува појдовна точка за театарска изведба со национална и меѓународна екипа од Македонија, Унгарија и Германија. Главната идеја е да се претстават границите на Европа од една поинаква перспектива и да се прикаже колку брзо тие граници се формираат, а и исчезнуваат и како идентитетите се оформуваат и претопуваат.

назад