Goethe Robotics Hackathon

Roboter Foto: Goethe-Institut

Ср, 04.08.2021 -
По, 30.08.2021

Кога зборуваме за технологија денес е невозможно да се избегнат темите поврзани со вештачката интелигенција. Како можат интелигентните роботи да ни помогнат и да се користат во полза на општеството? Кои барања мора да бидат исполнети за да не се занемарат аспектите како што се безбедноста и етиката?

Гете-институт Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и инженерство - ФИНКИ објавува повик за учество на хакатон за програмери и уметници кои што се занимаваат со роботика и вештачка интелигенција.

Бараме тимови од програмери (и/или уметници) кој ќе го програмираат роботот и ќе го обучат со нови вештини во полето на асистивни технологии, медицинската нега, нега на стари лица и лица со посебни потреби..
 

назад