Дидактика на повеќејазичност
Неконвенционално размислување

Interkulturelles Lernen macht die Schüler neugierig
Foto (Ausschnitt) © Andrey Popov - Fotolia.com

Референтната рамка за плурални пристапи кон јазиците и културите служи како основа за процесите на настава и учење за промовирање повеќејазични и интеркултурни компетенции. Како може да се дизајнира наставата на DaF? 

Дали германски или англиски, кинески или латински – деца и млади луѓе низ Европа изучуваат современи или класични странски јазици. Претставниците на модерната повеќејазична дидактика повеќе се фокусираат на интерјазичните и интеркултурните компетенции во наставата на нов јазик. Тие, исто така, се опишани во референтна рамка за плуралистички пристапи за јазици и култури (REPA) од страна на Европскиот центар за модерни јазици на Советот на Европа во Грац, првпат објавен во 2007 година и оттогаш е изменет и дополнет неколку пати. REPA вклучува критериуми за да се опишат мултијазичните и интеркултурни вештини што може да се развиваат во однос на дидактиката на повеќејазичноста преку пристапи како што се интегрирано учење јазик, средба со јазици (будење на јазици), разбирање или интеркултурно учење.
 
Ана Марија Курчи, исто така, работи со REPA. Таа предава германски како странски јазик (DaF) во ново јазично училиште во Рим: „Кога младите луѓе доаѓаат во нашето училиште, тие веќе учеле англиски јазик осум години и три години шпански или француски јазик. На 14-годишна возраст, тие не само што почнале да учат германски, туку и латински јазик. Има смисла да се гради врз постојните знаења и вештини“. Во изминатите дваесет години, наставничката по германски јазик има развиено бројни наставни и натамошни едукативни материјали за интегрирана јазична дидактика. Многу од нејзините идеи се содржани во базата на податоци за REPA.

СПОРЕДБА НА ЈАЗИЦИ: ГЛАСОВИ, ЗБОРОВИ, СТРУКТУРИ

Ана Марија Курчи ги поддржува младите луѓе уште пред да започнат со наставата по германски јазик во нивното училиште: Секоја година таа ги повикува учениците и родителите да стекнат прв впечаток за германскиот јазик преку пробни часови. Нивната работа со REPA за време на првите часови треба да покаже дека бројките во германскиот и англискиот јазик се многу слични и дека германските гласови „ö“ и „ü“, исто така, постојат и во францускиот јазик. Во следниот чекор таа го обрнува вниманието на фактот дека генеричките имиња на многу дрвја се женски и на германски и на латински. Таа истакнува дека разликата меѓу „прашува“ и „замолува“ на латински и на шпански јазик е релевантна и дека за италијанските ученици е потешко да го научат идното време Futur во англискииот јазик отколку во германскиот.

Покрај тоа, учениците на нивоата А1 и А2 од Заедничката европска референтна рамка за јазици (GeR) создаваат повеќејазични постери за семантички полиња како „ориентирање во град“, „Користење превозни средства“ или „Хоби и рекреативни активности“ кои се закачени во училницата. Подоцна нејзините ученици се вклучуваат во т.н. CLIL настава – стручната настава на модерни странски јазици од програмата е задолжителна во италијанските средни училишта – со ресурси и експертиза, кои се развиени во рамки на работата со REPA.

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ СТРУКТУРИ НА ЈАЗИЦИТЕ

„Познавањето како функционираат јазиците и кои структурни сличности ги имаат претставува клучна област на дескрипторите на REPA. Ние систематски го фокусираме нашето гледиште на споредбата, така што учениците ќе се сретнат со биографијата на учењето на сопствениот јазик“, објаснува Ана Марија Курчи. Ова ги прави учениците љубопитни и ги мотивира да одат на сопствени истражувачки експедиции. „Сметам дека она што се случува во училницата претставува работилница за постојано учење. Учениците се чувствуваат сфатени сериозно, се гордеат со тоа и имаат многу возбудливи искуства. Покрај тоа, повеќејазичноста ве тера да сакате повеќе – многу од моите ученици сега сакаат да научат шведски, дански или португалски, на пример“.
 

УЧЕЊЕ ЕДЕН ОД ДРУГ - ВО МНОГУЈАЗИЧНА УЧИЛНИЦА


Се разбира, Ана Марија Курчи не ги зборува сите јазици за кои зборува во текот на наставата. Затоа, таа го користи отворениот разговор со децата како основа за својата работа. На овој начин, на пример, и учениците чиј мајчин јазик не е италијански можат да го развијат својот потенцијал. На пример, учениците чиј мајчин јазик е романскиот направија презентација за тоа како се формира идното време во нивниот мајчин јазик. „Нашите ученици живеат во повеќејазична средина, па таквите согледувања на друг јазик се добивка за сите. За презентерите ова е одлично чувство за достигнување и можност систематски да се изразат на својот мајчин јазик“, објаснува наставничката.

ПОВЕЌЕЈАЗИЧНОСТА ГИ ПРОШИРУВА ХОРИЗОНТИТЕ

Развојот на стратегии за рефлексивен пристап кон со јазиците и културите, јазичната и културната свест се важни елементи на дидактиката, која се наоѓа во основата на REPA. Во своите наставни практики Ана Марија Курчи знае дека дидактиката на повеќејазичноста промовира метајазички и метакогнитивни вештини кај учениците, како и вештини во поединечните јазици. На крајот, таа ги едуцира своите ученици преку свесната употреба на различни јазици да бидат свесни граѓани на светот: „Тоа може да звучи утопистички, но јас сум убедена дека ако учењето јазици се одвива во повеќејазичен концепт, тоа не само што ќе отвори нови хоризонти, туку, исто така, создава свест за тоа дека повеќејазичноста е важен чекор кон мирен соживот“.

НАСТАВНИ МАТЕРИЈАЛИ

DaF und Kunstgeschichte Unterrichtsvorschlag: „Illusionsmalerei und Schönheitsideal: Die Villa Farnesina in Rom“ (PDF, 889 kB)

DaF und Naturwissenschaften Unterrichtsvorschlag: „Der Faktor Wasser und die Umwelt am Beispiel des Ökosystems Tiber“ (PDF, 2 MB)

Ein Beispiel aus der REPA-Datenbank