Благодариме за многуте иновативни и креативни прилози. Изборот не беше воопто лесен.
Победници на натпреварот се:
1. Симона Монавчева / ООУ Тодор Ангелески - Битола
2. Нина Илиќ / Гимназија Јосип Броз Тити - Битола
3. Ивана Махосвка Шикалеска / PASCH ООУ Григор Прличев - Охрид
Срдечни честитки!
Дигиталниот свет со мноштвото информации е отворен за сите. Во време на се поголема дигитализација во речиси сите области во животот, пренесувањето на медиумски и информациски вештини станува се позначајно. Класичната настава не ги пренесува во доволна мерка овие вештини. Ако имате идеја како може да ги поттикнете овие вештини во наставата по гермаснки јазик, тогаш Ве покануваме да конкурирате за наградата најдобар наставник по германски јазик 2022!
Награда за најдобар наставник по германски јазик 2022!
Гете-институт Скопје во 2022 год. повторно ќе ја додели наградата за најдобар наставник по гермаснки јазик на талентирани и ангажирани наставници, кои нудат креативна настава по
гермаснки јазик и спроведуваат наставни проекти со кои целно ги развиваат медиумските и информациските вештини на младите.
Како инспирација нека Ви послужи на пример интервенцијата на Гете-институт „Стаклениот човек“. Со неа, Гете-институт им нуди на младите можност да ги рефлектираат и подобрат своите медиумски и информациски вештини. Оваа интервенција опфаќа повеќе настани и активности кои ќе се спроведат во октомври и ноември 2022 г. во целата земја. Целта е на младите да им се обрне внимание за опасностите од непромислено однесување на интернет. Ќе се обработуваат теми како лажни информации, сајбер мобинг, онлајн зависност и многу други. Повеќе информации ќе најдете овде.
Кој може да конкурира?
Може да учествуваат сите наставници по германски јазик во Северна Македонија кои предаваат во државните училишта и на кои им е важно во наставата по гермаснки јазик да ја поттикнуваат медиумската и информациската вештина на своите ученици.
Која е Вашата задача?
Презентирајте ни еден наставен наставен час во кој ги поттикнувате медиумските и информациските вештини. Користете ја наставната скица во прилог. Со скицата треба да ни пратите и слики или видеоматеријал и/или изработки од учениците (фотографии, плакати, постери и сл.).
Кои се критериумите:
Критериумите се:
- исклучително квалитетен наставен час во однос на насоченост на активностите кон учениците, проектна настава и иновација
- да служи како добар наставен модел
- има јасна структура и фази кои логично се надоврзуваат една на друга;
Што може да освоите?
1. награда: интерактивна дисплеј табла за наставата по гермаснки јазик
2. награда: техничка опрема наменета за наставата по германски јазик во вредност од 500 евра;
3. награда: материјали за наставата по германски јазик во вредност од 300 евра.
Формулари за аплицирање и рок за конкурирање
Пополнетиот
формулар
заедно со деталниот опис на текот на наставниот час на германски јазик треба да се прати најдоцна до 10.11.2022 на bkd-skopje@goethe.de.
Стручно жири ќе ги избере победниците.
Контакт
Доколку имате прашања за содржината на натпреварот и/или за начинот на конкурирање, Ве молиме да се обратите на Одделот за образовна соработка на Гете-институт Скопје.
Се радуваме на Вашите апликации и на нови импулси за добра настава по германски јазик!
Тимот на Гете-институт Скопје
назад