Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1) Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

 Banner© Goethe-Institut e.V.

Вселена.Човек.Интелигенција.

Врвно истражување во Германија, приспособено за млади изучувачи на германскиот јазик во интерактивна патувачка изложба во пет големи тематски подрачја:
Вселена | Историја на човештвото | Мозок | Антропоцен | ВИ. 


За изложбата

Вселена.Човек.Интелигенција.

Гете-институтот и друштвото „Макс-Планк“ ја претставуваат изложбата „Вселена.Човек.Интелигенција“, којашто е посветена на врвното истражување во Германија. Притоа UMI истовремено и балансирано пренесува основно знаење и го претставува актуелното врвно истражување во Германија. Изложбата е приспособена на целната група со разбирливи текстови, разни слики, графици, инсценации, анимации, филмови, поткасти и интерактивни елементи.  
Цел на изложбата е, исто така, да им покаже на изучувачите на германскиот јазик и на сите заинтересирани за Германија, дека истражувачката дејност во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура. Во исто време, науката во Германија е одлично вмрежена на меѓународно ниво и им нуди многу можности на студентите и младите истражувачи од целиот свет, како што покажуваат многуте конкретни примери на изложбата. 
За секоја од различните теми постои соодветна станица со инсценација, со цел темите што повеќе да им се доближат на учениците: трансформација на лица (англ. „Facemorphing“) на монитор, прикажувања на растојанија во вселената со помош на атмосферска обвивка, инсталации со коишто може да се доживеат различни емоции преку влијанието на музиката или интеракцијата на роботите.
Исто така, постојат различни лабораториски станици и може активно да се испроба коскена флејта стара 40.000 години. QR-кодовите упатуваат на додатни материјали во форма на видеа, галерии со слики или поткасти. Содржините на изложбата се конципирани за млади изучувачи на германскиот јазик и се изготвени на германски и англиски јазик.


Теми


Интерактивно рели низ изложбата за ученици

Ausstellung © Goethe-Institut e.V. Интерактивната изложба е отворена за сите заинтересирани секој ден од 10:00 до 20:00 часот. За учениците нудиме рели низ изложбата во времетраење од 60 до 90 минути, на коешто може да се одбере фокус и истиот интерактивно да се обработи. Практичното испробување, меѓу другото, на трансформацијата на лица (англ. Facemorphing) или доживувањето на влијанието на музиката врз емоциите ја прават посетата на изложбата уникатно доживување за целиот клас. Додатно покрај релито низ изложбата може да се изберат и специјални работилници за класот. Пријавете се уште денес, тргнете со своите ученици на возбудливо патување во врвното истражување и доживејте ја Германија.

КОГА: 03. –  28.04.2023
КОЛКУ ДОЛГО: 60 – 90 минути
КАДЕ: Културно Информативен Центар - Скопје
WER: Ученици од сите возрасти и јазични нивоа (од A1)

КОНТАКТ

Групи може да се пријават на bkd-skopje@goethe.de


Logo ©Max Planck Insitut Logo ©Goethe-Institut Logo ©DAAD