Брз пристап:
Оди директно на содржината (Alt 1)Оди директно до секундарната навигација (Alt 3)Оди директно до главната навигација (Alt 2)

адвентскиот календар
22 декември

За мене убавото на Божиќ е што се чувствувам вклучена и кога сум во Германија, а не со моето семејство во Украина. Исто така, се обидувам да го вклучам и моето семејство во мојот живот во Германија. Денес разговарав на телефон со мојата баба, мојата Тјотја. Таа живее во Украина и е вдовица. Се изнасмеавме кога ѝ кажав дека се обидувам одржливо да го прославам Божиќ. Бидејќи, иако не внимава посебно на тоа, сепак нејзиниот еколошки отпечаток е помал од мојот. Бидејќи таа во најголема мера живее од овошје и зеленчук, кој го одгледува во нејзината градина. Тоа што ѝ останува го конзервира и го складира во подрумот. На тој начин таа произведува малку ѓубре – и многу малку фрла. Старата облека ја крпи, расипаните уреди ги поправа. На телефон сето тоа звучи многу лесно и речиси идилично – но јас знам дека таа сиот свој живот напорно работела. И јас се познавам – еден толку скромен живот не би бил за мене. Но, можеби има компромис?  
 
Што би бил за Вас идеален живот – природен и едноставен?

Leave a comment on this page (preferably in German) for a chance to win today's surprise package! Additionally, a German Online Individual course will be raffled among all participants. In participating, you accept the Terms and Conditions linked below. Have fun and a lovely Advent season!
КОМЕНТАР Отворете повеќе врати